ПЕТ СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ ШТО МОРА ДА ГИ СТЕКНЕ СЕКОЕ ДЕТЕ: Овие вештини се учат во градинка, но и од родителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Детето треба да стекне основни социјални вештини, како споделување, соработка со други, слушање, следење на насоки, почитување на личен простор, остварување контакт со очи со други и примена на добро однесување уште во предучилишна возраст.

Ова се вештини што се учат во градинка и забавиште, но и од родителите. Што значи, ваша обврска е да се осигурите дека детето ќе ги стекне навреме.

Еве кои се најважните социјални вештини што треба да ги совлада секое дете:

– Споделување
Ова е вештина што детето треба да ја совлада за да избегне драма и плачење секој пат кога некој ќе му ја земе играчката.

Обично децата на возраст над две години ги делат своите работи со другите. Но, ова е најчесто случај кога, на пример, одредена играчка веќе не ги интересира и на тој начин тие не „губат“ ништо.

Потоа започнува периодот на фокусирање на себе, во кој се развива „егоистичното јас“. Односно, период кога е потребно да се работи на учење на оваа вештина.

Истото нема да се постигне со присилување на детето да им даде нешто на другите, особено во друштво на странци. Детето најдобро ќе научи ако гледа како родителите го прават истото.

Истовремено, на детето може да му се каже дека споделувањето колаче или играчка ќе го израдува. Се разбира, успехот нема да дојде веднаш, па треба да бидете упорни.

– Соработка
Кога детето оди во градинка, за него е особено важно да стекне вештини за соработка со другите деца. Оваа вештина е неопходна за да научи да се согласува со другите.

На возраст од три до четири години, детето веќе може да работи со другите на заедничка цел, како што е подготовка за игра. Некои од нив ќе сакаат да водат, додека другите ќе претпочитаат да следат.

– Слушање
Слушањето е прва „јазична вештина“ со која се среќава детето, долго пред да почне да зборува, чита или пишува. Но за вистински да разбереме каква порака ни испраќаат луѓето и зошто е истата важна за нас, неопходно е да научиме како да слушаме.

Оваа вештина најлесно може да се стекне со читање приказни. Додека ја читате неговата омилена книга, паузирајте и прашајте го вашето дете што се случило досега во приказната. Поставувајте прашања и барајте што е можно повеќе детали.

– Почитување на личниот простор
Уште од раѓање, децата се приврзани за мајката и нејзиното тело. Тие секогаш сакаат да бидат со неа, а честопати раздвојувањето претставува голем проблем.

Но како што одминува времето, така и детето треба да научи дека секој од нас има свој личен простор.

– Гледање во очи
Гледањето на другата личност во очи додека разговарате со неа е еден од најважните елементи на невербалната комуникација. Сепак, многу деца се мачат со ова.

Кажете му на вашето дете да ви ја раскаже омилена приказна или што се случило во градинка, а потоа гледајте насекаде, освен во него. Потоа, додека раскажува друга приказна, гледајте го во очите.

Прашајте го како се чувствувало во првата, а како во втората ситуација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This