Пет суви сливи дневно за вашиот организам ќе направат повеќе од лековите: Еве за што станува збор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сте забележале дека кај вашата баба на масата секогаш имало чинија со суви сливи, верувајте дека тоа не е случајно.

Сливите се полни со хранливи состојки кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје. Тие се можеби една од најважните намирници за здраво стареење.

Иако содржат пристојна количина овошен шеќер, сувите сливи исто така се преполни со влакна која ја успоруваат апсорпцијата на шеќерот во крвта.

Со други зборови, не треба да се грижите за тоа дали ова суво овошје ќе го покачи шеќерот во крвта, бидејќи влакната се грижат за тоа. Влакната исто така помагаат при опстипација и други тегоби поврзани со дигестијата, како што се хемороидите, а кои се честа појава кај постарите лица.

Тие исто така ја зголемуваат количината на корисни бактерии во цревата, што може да придонесе за намалување на вишокот килограми, а докажано е дека поттикнуваат ситост.

Порција од само половина шолја од ова овошје содржи 6 грама влакна, што е поприлична доза од овој важен нутриент.

Исто така, содржат и други неопходни хранливи материи како што се калиум (кој помага во варењето и регулирањето на крвниот притисок) и витамини А, К, Б6, како и нијацин и железо.

Кога станува збор за здравјето на вашите мускули и коски, сувите сливи се одличен додаток во исхраната, бидејќи содржат бор, минерал кој е неопходен за изградба на коските и мускулите.

Една студија открила дека консумирањето на сливите спречува губиток на коскена маса кај жените во постменопаузата, што е состојба која и претходи на остеопорозата. Учесничките во истражувањето јаделе само по 6 сливи дневно.

Второто истражување покажало исто така, дека консумирањето на суви слови го намалува негативниот ефект од зрачењето на коскената маса, така што лицата кои се на ваков вид лекување (со зрачење), треба задолжително да јадат суви сливи.

Бидејќи изобилуваат со железо, сливите се покажале и како одличен сојузник на убавината. Недостигот на железо, кој е многу чест кај повозрасните жени, предизвикува оксидативни оштетувања на кожата, што доведува до повеќе брчки, ситни линии и општо пропаѓање на кожата. Истото се случува и со косата. Потребно е само секој ден да изедете по 5 суви сливи и многу брзо ќе ги забележите промените!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This