ПЕХАРОТ ВО РАЦЕТЕ НА КАРПОШ – СОКОЛИ: „Соколите” го потврдија својот квалитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Карпош Соколи е сензационалниот освојувач на Купот на Македонија. На 25. по ред завршен турнирот од ова најмасовно (барем некогаш) натпреварување, во прекрасен амбиент, исполнетата до последно место, сала „Јасмин” во Кавадарци, „соколите” го потврдија својот квалитет.

116859-od-vtor-obid-sokolite-doletaa-do-peharot

Прво ја смирија публиката, а потоа го победија својот предизвикувач, Фени Индустри.
И за прв пат во историјата на постоењето на клубот, стигнаа до пехарот наменет за победникот во националниот Куп.
Апсолутно заслужено…
Карпош Соколи – Фени Индустри 80:69 (21-20; 21-17; 13-15;25-17)

Во една прекрасна атмосфера креирана во „Јасмин” како што и му доликува на едно финале на македонскиот национален Куп.
Уште подобар почеток направија кошаркарите на Карпош Соколи иако против себе го имаа скоро исполнетото гледалиште во салата во Кавадарци. По поените на капитенот Пенов, „соколите” стигнаа до предност од девет поени (17:8), и испратија најава дека се подготвени да го исправат она што не го направија лани на турнирот во Гевгелија.


Но во следните две, вистински кошаркарски ураган во режија на кошаркарите на Фени Индустри. Со четири тројки по ред (две на Магдевски, по една на Пајиќ и Петровски), домаќинот направи серија од (12-0) и поведе со (20:18).
Но бековскиот двоец на гостите од Скопје, Мавра и Пери во последните два напади од првата четвртина сепак донесе минимална разлика во корист на нашиот АБА лигаш, (21:20).
Но кавадаречкиот тим, на крилјата на својата бројна публика, ја продолжи поентерска серија во која се вклучи и Ѓекиќ (со пет поени), по која имаа и плус од шест поени (27:21). Ја сопре Зековиќ со своја мини серија од пет поени (26:27), а неговата ја прекина со минута одмор, тренерот на Фени Индустри, Љупчо Малинков.
Макар и по само две и пол минути од вториот период…


Во оние наредните, Карпош Соколи покажа далеку поголема стабилност во играта. Не влегоа во минути на паника избраниците на Драган Николиќ, напротив. По оние поентирања на Зековиќ, дојдоа оние од другите високи играчи. Трајковски и Лабовиќ по втор пат го вратија својот тим на позитивен резултат. Откако Николовски постави (33:26) за Фени Индустри центарскиоот двоец на „соколите” реализираше „рибрејк”, серија од (12-4), по која одново го вратија водството (40:35), кое до истекот на првото полувреме го промени Николовски, но го врати Пери, за сосема солидни, во однос на текот на настапите во тие 20. минути, (42:37).
Минути во кои „клупата ” на Фени Индустри одработи одлично, споредбено со онаа на Карпош Соколи, каде свој придонес даде само Зековиќ (со седум реализирани поени).


Освен Магдевски кој постигна десет, погодуваа и Ѓекиќ, Пајиќ и Петровски. Но потполно беше стопиран Шарабидзе во рекетот, кој реално, имаше и најтешка задача, да ги запре Лабовиќ и Трајковски.
Токму тој беше креатор на водството од (46:37) на почетокот на третиот дел од финалето. Го следеше Лабовиќ по чиј 12 поен, разликата меѓу двата финалисти беше десет поени (49:39) во корист на „жолто-сините”, бои на Карпош Соколи.
Но тогаш, уште еднаш дојдоа минутите за домашната екипа, која направи сериозен обид, и успеа во истиот, да се доближи до резултатот на противникот. Намалија кавадарчани и на само два поени негатива (47:49). Но, Мавра ги зема работите во своите раце, искреира мини-серија од пет поени за (55:47).

Но и тоа немаше „гарантен рок” затоа што со звукот на сирената, за последен напад во третата четвртина, Стајиќ погоди скоро од центарот на игралиштето и постави „отворен резултат” (55:52).
По втор пат на средбата во Кавадарци, Мавра ги доближи гостите од Скопје до пехарот. Постигна уште една неверојатна тројка, за плус 10 (64:53), во 33. минута од играта.
За нов тајм-аут на Љупчо Малинков, чија екипа полека почна да го губи натпреварувачкиот ритам. Влегуваа кавадарчани од грешка во грешка, „соколите” казнуваа, трпеливо ја градеа позитива, која по поентирањето на некогашниот „кавадарчанец” Дарко Соколов беше и највисока (68:54).
Некој момент подоцна растојанието беше исто (75:61), кога стана јасно дека Македонија го доби победникот на Купот за сезоната 2016/2017.
Карпош Соколи ќе се запише во историската книга на МКФ, и ќе им се приклучи на Работнички, МЗТ Скопје, Фени Индустри, Никол Ферт, АМАК-СП, Вардар Осигурување Кочани Деликатес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This