Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во подготовка е ново урбано место во градот и тоа по мерка и желба на Адријан Гаџа.

Имено, пејачот реши да се проба во угостителските води и да отвори ресторан во Скопје. Иако местото е се уште во изградба, Гаџа ветува дека тоа ќе се отвори наскоро.

Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest. Таму, тој ја освои првата награда, каде за прв пат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.

Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест. Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.

 

Toj ja претставуваше Македонија на Евровизија 2008, изведувајќи ја песната “Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песната не успеа да се пласира во финале, завршувајќи 10-та со 64 поени, но до ден денеска остана хит кој се врти по радио станиците.

Од 2008, Адријан се фокусира со пеење на албански јазик и албански пазар. Учествуваше на Kënga Magjike 2012, со Флоријан Беќири и на “Ngjyra e kuqe” (Црвена боја) и се плариа 10-ти. Песната беше голем хит на радио и на социјалните мрежи, особено на Јутјуб каде има над 8 милиони прегледи. После фестивалот, ја објави песната “Kjo zemër” (Ова срце), која стана исто популарна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This