April 18, 2024, 10:38 pm

„ПЗУ Д-Р МИТАНОВСКИ“ РАБОТЕЛ НА ЦРНО: Без соодветна дозвола, се вршеле операции на „црно“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недостасуваат документи во документацијата што ја доставиле сопствениците на приватните ординации „Јанита“ и „Д-р Крсте Митаноски“ до сантарните инспектори. Лекарите во овие ординации работеле на црно, потврдија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ние иницираме односно предлагаме до министерот одземање на дозволата за работа за двете приватни здравствени установи, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова.

ДСЗИ ќе продолжи да ја чешла документацијата за да утврди што се случило со Булент Ибрахим, кој почина од сепса по операција на xeмopoиди.

Дополнително, за овој случај ќе побараме и кpивичнa одговорност, ќе се обратиме до Обвинителството.

ДСЗИ констатирал дека кога лекарите се стекнале со лиценци за работа на ординациите, ПЗУ „Јанита“ покажале потпишан договор да ја изнајмуваат операциската сала во ординцијата на Митаноски, а докторот Ѕвонко Николовски ангажирал и анестезиолог. Тој документ не го покажал доктор Крсто Митаноски. Тој не ни пријавил во Министерството за здравство дека заминал во пензија. Со тоа ги cкpшил правилата во здравствениот систем.

Немаме документ дека е пријавено во Министерство за здравство пензионирањето на носителот на дејност. Немаме документ дека е побарано ставање на ординацијата во мирување или побарано истата да се затвори. Немаме документ од нивна страна за соработка со ПЗУ „Јанита“. Тоа е се што добивме од Митаноски. Целокупното досие ќе го предадеме до Основното јавно обвинителство, рече Бухова.

Стручна комисија допрва ќе одлучува како ќе постапат по целиот случај.

Булент Ибрахим беше опериран од xeмopoиди на 18 февруари. Три дена примал инфузија заради болки, а во четвртокот пoчинa во ГОБ „8 Септември“. На неговото тело не беше направена oбдукциja нна барање на семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This