ПИЖОИЦА СЕ ЖАЛИ ПО ФЕЈСБУК: Илјадниците евра биле заслужени, затоа што се решиле да останат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на новинарот и сопственик на порталот ,,Сакам да Кажам’’, Горан Михајловски попознат под прекарот Пиже се пожали на социјалните мрежи поради критиките во јавноста за добиениот грант од државата од Фондот за иновации.

Во својот Фејсбук пост таа се пожали и од медиумите кои наводно манипулативно ги пренеле информациите за како таа добила грант од државата вреден стотици илјади евра. Искра Јовановска Михајловска на крајот од својот патетичен пост дрско напиша ,, Статусите на несреќниците по социјалните мрежи не ги земам предвид, тоа е нивен редовен стил на работа. Нека си најдат некој да ги гушне.’’ Очигледно огромните критики во јавноста за добиениот грант лошо влијае на Михајловска.

Државната помош за домашните компании ниту еден во јавноста не ја оспорува, но проблематичен е фактот на кои компании се доделуваат вакви грантови. Во конкретниот случај на Михајловска проблемот лежи во тоа што нејзиниот сопруг новинарот Горан Михајловски го поседува порталот ,,СДК’’, медиум кој важи за еден од главните мегафони на власта.

Помеѓу добитниците на средства од Фондот се најде и весникот ,,Слободен Печат’’, ваквата состојба отвора сомнеж во јавноста дека можеби државните пари се злоупотребени со цел добивање поддршка од медиумите во наредниот период кој е можеби клучен за СДСМ, Зоран Заев и неговата влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This