ПИКИСИПИ СЕ СТОРИ ПИШМАН: Пејачите биле лажени од Владата дека се работи за културен настан, а не прослава за промена на име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вријат социјалните мрежи, откако граѓаните беа непријатно изненадени од своите омилени естрадни артисти кои се согласиле на понудата на владата, за хонорар од околу 3.000 евра да пејат низ повеќе градови на државата, наводно, поради поканата за прием на НАТО – поточно, одново поставениот услов од Алијансата кој предвидува промена на државното име за членство во воениот сојуз

Но, не сите артисти прифатиле со широко раширени раце, а најголемиот дел од нив се чини, биле излажани од страна на Владата на Р.Макдонија, бидејќи како што тврдат не им било објаснето за што ги ангажираат. Како што велат, тие мислеле дека ќе бидат ангажирани како дел од културен настан на кој ќе учествуваат повеќе уметници. Дури откако ги прочитале силните реакции на граѓаните, дознале за што се работи, па дел од нив решија да ја обелоденат ситуацијата пред јавноста.

Имено, групата „Конкверинг Лајонс“, на својот ФБ профил напишале дека никој не им кажал дека биле поканети поради некакво членство во НАТО, туку како дел од културен настан.

Реакцијата на групата открива дека поголем број на артисти не знаеле што потпишале и дека сега ќе мораат да го спроведат договорот.

Како што велат, ова е спротивно на нивната идеологија, додавајќи дека се против НАТО во нивниот хаштаг #noNATO, по што следи уште еден хаштаг #trap (стапица, измама).

На слична линија е и Пикисипи од САФ. Тој тврди дека неговиот агент набрзина потпишал договор, иако претходно не му било разјаснето за што потпишува и кој е настанот, туку дека само им било ветено дека нема да биде партиски настан. Тој додава дека тие како група се против промена на името, и дека никогаш нема да заборават дека СДСМ кога биле на власт им го спречиле концертот на првиот албум.

Пикисипи потенцира дека е против промена на името, и членство во НАТО додавајќи дека сите тоа ќе го видат за време на неговиот настап.

Во текот на вчерашниот ден, голем број на граѓани одлучија да ги бојкотираат артистите кои решиле да настапат на „прослава“ за промена на државното име, па меѓу погодените се најдоа Љубојна, Елена Ристеска, Владо Јаневски и редица на други пејачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This