ПИЛОТИ СО МЕСЕЦИ СЕ ЖАЛЕЛЕ ЗА НЕИСПРАВНОСТА НА БОИНГ 737 МАКС 8: Авионите имале проблем со безбедносните механизми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Месеци пред несреќата во Етиопија, во која во неделата загинаа 157 луѓе, пилоти се жалеле на федералните власти во САД за авионот Боинг 737 Макс 8, објави „Њујорк пост“.

Поплаки поднеле пилоти кои биле на летови во октомври и ноември 2018 година и биле регистрирани во федералната база на податоци, објави „Далас морнинг њуз“.

Сите преставки се однесуваат на „бeзбедноcниот мeханизам“, кој беше наведен и во Прелиминарниот извештај за истрагата за нecpеќата во Индонезија во октомври.

Тие се однесувале на пpoблемите со авионот Макс 8, кој користи автопилот при полетување.

Пилотите велат дека авионот одеднаш без никаква причина при полетувањето понекогаш го вртел „носот“ кон земја.

Фактот што овој авион бара толку работа за да биде во лет-состојба е дефинитивно предупередување, наведува еден од пилотите во жалбата.

Пилотот на „Етиопијан ерлајнс“ имал потешкотии со управувањето на авионот, непосредно пред боингот 737 макс 8 да се урне на подрачјето на гратчето Бишофт, 62 километри југоисточно од Адис Абеба, рече извршниот директор на авиокомпанијата за Си-ен-ен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This