Пилотот од соборениот Ф-16 во Бихаќ, стана официјално лице во Пентагон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

55-годишниот Скот О’Грејди е назначен за помошник министер за одбрана за меѓународни безбедносни работи.

Во јуни 1995 година, тогашниот капетан на военото воздухопловство О’Грејди стана национален херој откако преживеа шест дена во шума близу Бихаќ, откако српска ракета го погоди неговиот повеќенаменски борбен авион Ф-16 Борбен Сокол.

Катапултиран од висина од скоро 7.000 метри, О’Грејди претрпел изгорен врат при слетувањето. Тој имаше оскудни оброци, но обуката му овозможи да преживее во шумата без да биде заробен, и покрај интензивните истражувања на силите на босанските Срби. О’Грејди конечно беше спасен од тим маринци во ризична операција под ракетен оган и истрели од пешадиско оружје.

Тој за својата авантура раскажа во книгата „Врати се со чест“, која стана инспирација за холивудскиот филм „Зад непријателските линии“ од 2001 година со Овен Вилсон и Џин Хекман. По враќањето, О’Грејди беше одликуван со Бронзена ѕвезда и Пурпурно срце за храброст.

По 12 години и 67 борбени мисии, О’Грејди ја напушти војската во 2001 година за да стане „успешен автор, говорник, портпарол, инвеститор и претприемач“, се вели во кратката биографија на Пентагон. О’Грејди беше и еден од говорниците на Републиканската конвенција во Сан Диего, Калифорнија во 1996 година. Откако се пресели во Тексас, тој кратко се кандидираше за место во државниот Сенат во 2011 година како републиканец.

Неговото назнаување не помина незабележано и на Твитер заедницата каде имаше лавина реакции на неговото комуницирање и ниското ниво на речник користен при комуникацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This