Пилот отспал среде прекуокеански лет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пилот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис класата.

Час по полетувањето тој вечерал и ја соблекол униформата и заспал, а тоа предизвикало вознемиреност меѓу присутните патници.

Пилотот откако отспал час и половина се разбудил и се вратил во кокпитот.

– Не можам да поверувам дека пилот на лет со неколку стотини патници може да си дозволи вакво однесување, истакна еден од патниците, кој го видел пилотот како спие.

По реакциите на патниците случајот доби медиумско внимание и мораше да реагира Федералната управа за авијација на Велика Британија, од каде информираа дека станува збор за нормална појава регулирана со закон.

– Пилотот е обврзан да се одмори ако летот е подолг од осум часа. Во поголемите авиони има специјално одредено место, додека во помалите се употребува седиште во бизнис класата резервирано само за оваа намена. Во оваа ситуација нема ништо невообичаено и незаконито, истакнаа од Управата.

По реакциите се огласија и од авиокомпанијата, која соопшти дека во посадата на летот имало тројца наместо двајца пилоти и дека не можеле сите во исто време да бидат во кокпитот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This