ПИМЕН Е НЕРЕАЛИЗИРАН ПОЛИТИЧАР: Човекот кој не успеа во политика се „ували“ како владика во МПЦ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиката Пимен кој своевремено се обидел, ама не успеал во политиката, па се префрлил во црквата, не издржа долго и пак се јави да продори нешто во јавноста, небаре е голем мудрец и видовит човек. Овој пат овој незрел свештеник во мантија за кого многумина велат дека е класичен измамник во духовниот живот, не само што го покажува своето вистинско лице преку вокабуларот кој го користи, туку глуми и видовит човек. Демек тој знае дали Диме Спасов измислил или не измисли дека го бркале некои Албанци, пишува еден граѓанин во коментар на социјалната мрежа Фејсбук, каде Пимен преку својот профил ги коментираше последните случувања.
pimen_porshe

-Сакам јавно да го прашам, дали му се сонило дека немало такво нешто, или претпоставува со помош на својот ум за кој многупати досега ни покажа дека му е плиток. Како господиние Пимен вие знаете дека откако се’ се случило, Диме ја измисли приказната дека го бркале. А што ако не ја измислил? Што ако навистина го бркале? Не мислите ли дека правите грев со тоа сто јавно го понижувате на невидено? Не ви е срам како свештеник да си поигрувате со неговите чувства, да го исмејувате, да глумите некаков ,,досетлив фраер,, надвор од сите црковни правила? До кога ќе лечите комплекси од детството, и ќе ја бламирате црквата?, се вели во коментарот.

Во истиот се додава дека поповите обично внесуваат мир, ги утешуваат оние кои се вознемирени, ги охрабруваат оние кои се понижени, им помагаат дури и на грешните да се избават од гревот и да се подобрат.

-Го прават тоа дискретно, тивко, се повикуваат на мудроста на Исус и се трудат и најгрешните да ги извадат на прав пат, без при тоа да се фалат за тоа. А вие, мајтап играте на Фејсбук на претпоставката дека Диме измислил дел од работите кои ги кажал, оти така во тие денови вееше ветерот низ Фејсбук и порталите на СДСМ, така беше атмосферата низ социјалните мрежи, па извинете што ќе бидам погруб, ама како познат ебиветер во црквата ете и вас ве понесе таа атмосфера. Пимен ги реши сите проблеми на МПЦ и се фати за тоа го бркале Диме некои повеќепати осудувани разбојници или не. И што ако излезе дека не сте во право? Што ако излезе дека Диме ја кажал вистината? Ќе имате чувство на срам или на сторен грев?, прашува изреволтираниот човек.

Јас мислам нема да имате, бидејќи и за тоа треба не само верба во Бога, туку и минимум капацитет, кој кај вас очигледно го нема, како што нема ништо духовно во Вашето однесување. Вие со секој коментар свесно правите грев. Вие не личите на свештено лице, а уште помалку на владика.

-Затоа и авторитетот во црквата и верниците ви е нула. Вие сте брука за МПЦ и одвраќате многу верници од неа. Ги разочарувате луѓето кои гледаат некаков авторитет и верба во МПЦ. Кога ги води ваков абдал како вас, кој кисне на Фејсбук и тропа глупости, како тие понатаму да веруваат во таа институција. Употребувајќи уличарски речник од типот ,,серава,, па дообјаснувајќи дека тоа значело полнење гаќи од страв и слични вулгаризми со кои само уште еднаш покажа дека е далеку под нивото на црковната титула која му е доверена и дека се работи за еден обичен лакрадијаш со кочисјашки речник, кој по неуспехот во политиката, се ,,увалил,, во црквата и таму го реализирал својот сон за нешто да е главен и слушан.

Пимен, или како и да му е лицното име, сакајќи да е дел од политичката сцена, мрзејќи го ВМРО-ДПМНЕ како симбол на неговата нереализираност во политиката, повторно го става предизвикот на маса во синодот на МПЦ, околу критериумите за избор на владици, но и околу прашањето до кога МПЦ ќе чека со првото расчинување на владика кој се однесува надвор од црковните норми и го руши угледот на црквата.

-Ова е човек со психолошки профил кој постојано бара внимание. Многу сака да е вицкаст, иако нема талент за тоа. Ниту пак има капацитет и зрелост да разбере дека на поп не му личи тоа да биде вицкаст на туѓа сметка и на непроверени факти да дава претпоставки, а уште помалку тоа му личи на владика. Кога по некое време од назначувањето за владика, видоа во МПЦ кого го избрале за владика, решија да го пуштат надвор низ Европа, ем малку да се култивизира низ Европа, ем да го тргнат со неговата незрелост од своја близина. Но, и овој пат се покажа дека не е важно човек каде живее туку што има во главата. Попусти беа неговите подолги престои во Виена, во Шведска, во Италија, дрвото пак си останува дрво., се вели во коментарот.
pimen_komentar

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This