ПИСКОТНИЦИ ОД ТЕЛМА ДО БАЛЧАК: Уредникот Кировски не може да се помири со победата на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на ТВ Телма Атанас Кировски уште еднаш потврди зошто неговата телевизија заслужено ја носи титулата „портпарол на СДСМ“.

Atanas-Kirovski-firmi

Досега неброено многу пати Телма служела како мегафон на опозицијата и често била предводник на ергелата гласила на СДСМ/Сорос, но Кировски упорно се убедува себеси дека е независен новинар, иако тоа многу тешко му оди од рака.

Така е и овојпат. Во неговиот најнов статус на фејсбук, капетанот на Телма, Кировски, уште еднаш со огромно задоволство ги одработува парите кои ги зема од УСАИД и Сорос и се става во функција на поголем СДСМ-овец од „папата“.

Кировски е ужаснат што Претседателот на Република Македонија мандатот за составување влада, како и секогаш досега, го додели на партијата која победила на избори.

„Наместо во согласност со Уставот да изврши консултации со политичките субјекти -макар и заради форма, ако не суштински, пред да го довери мандатот на оној кој има гаранции дека обезбедил мнозинство во парламентот-а тоа е критериум за доверување на мандат, во својата препознатлива сервилност потрча да го даде мандатот на Никола Груевски, без никакви консултации, со што уште еднаш потврди дека е на нивото на обичен поштар, а не на претседател“, пишува Кировски, изнесувајќи грст навреди кон Претседателот на Републиката само затоа што СДСМ е поразен на избори, а тој има грантови и задачи за одработување.

Кировски следејќи ја ревносно линијата на измислици и манипулации на СДСМ не може да ја прифати реалноста надвор од бајките на Заев и Центарот за комуникации од Бихаќка според кои, до пред десетина дена, СДСМ беше победник иако не победи и ќе формираше влада – што се чини се потешко за реализација.

Дури и Бранко Героски и многу други опозициони мегафони и активисти се разбудија од халуцинациите на Заев и сфатија дека СДСМ не победи на изборите и не може да го добие мандатот за да формира влада. Кировски останува меѓу последните мохиканци кои до крај обвинуваат други за поразот на нивната омилена партија.

Па така „независниот“ портпарол на СДСМ/Сорос, Кировски, во постизборното бунило и судир со фактите и вистината, панично пишува за апартхејди, силувани институции и кршење на устав.

Според логиката на Кировски на изборите воопшто не треба да има победник туку мандатот треба да му биде врачен на онаа партија која тој ќе ја одбере, односно СДСМ. Оваа нова демократска логика која ја протежира Кировски е издржана исто колку и смешната теза дека Телма била неутрална телевизија која почитувала новинарски принципи.

Точно е дека Телма почитува принципи, но тие не се новинарски туку очигледно – фискални. Сите оние денови кога почетна и ударна вест на Телма беше аферата „Макпетрол-Оилко“ само го потврдува истото.

На крај Кировски, според добро познатата максима на СДСМ „после СДСМ потоп“ носи патетични претпоставки дека Иванов и неговите ссоветници биле подготвени да направат војна и да го кршат уставот, само за ВМРО-ДПМНЕ да ја имало власта. И сиот овој плач и лелек затоа што СДСМ не ја доби довербата на мнозинството од народот. Што е многу – многу е. Дури и за најревносен соросоид како Кировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This