ПИСМАТА НА ДАЈАНА ЈА ОТКРИЈА ВИСТИНАТА: Јавноста дозна каков бил животот во кралската палата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирил Дикман служел во кралското семејство повеќе од 50 години, а се чини дека Дајана токму со него имала еден сосема посебен однос.

princ-carls-princeza-dajana-hari-i-vilijam-siril-01

Принцезата Дајана често му испраќала писма на слугата од Бакингемската палата, Сирил Дикман, со кој била исклучително блиска. Емотивните писма во кои Леди Ди пишувала за односот помеѓу своите синови, но и за некои нејзини лични проблеми во јануари ќе одат на аукција, а сега тие ѝ станаа познати и на јавноста.

– Вилијам го обожува својот помал брат. Постојано го бакнува и гушка, а понекогаш не ни дозволува на мене и на Чарлс да бидеме со него – вели принцезата.

Кога се родил Хари, Чарлс бил толку среќен што буквално „ја затрупал“ со цвеќиња. Но, штом почнал да оди на училиште, помладиот син почнал да прави и проблеми.

– Момчињата уживаат на училиште, иако Хари е постојано во некакви проблеми – пишува во едно од писмата. Всушност, Хари по нејзината смрт и продолжил со проблематичното однесување на училиште, па така дури бил фатен и како пуши марихуана, а пред десетина години носел нацистичка униформа.

Сирил Дикман инаку му служел на кралското семејство повеќе од 50 години, па се чини дека Дајана со него имала еден сосема посебен однос. Во едно писмо таа зборувала и за смртта на својата баба.

– Ти благодарам што се грижиш за мојата баба. Нејзината смрт беше голема шок за сите нас – напишала Дијана. А кога Сирил бил болен, принцезата често проверувала како се чувствува тој.

– Ти го пишувам ова кратко писмо бидејќи ме интересира како си. Жал ми е што не ти е добро. Ни недостасуваш – пишувало во писмото.

Дикман се пензионирал на возраст од 65 години, а пред смртта го посетил и Чарлс. Починал пред четири години, а писмата потоа ѝ припаднале на неговата внука којашто сега ги ставила на аукција. Нивната вредност е проценета на 15.000 долари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This