April 16, 2024, 10:30 am

ПИСМОТО НА ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ДО БИ БИ СИ: Во Грција не постои македонско малцинство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот амбасадор во Лондон Димитрис Карамицос-Цирас достави протесно  писмо до Би-Би-Си по повод текстот „Невидливото малцинство во Грција – словенските Македонци“. Писмото го пренесуваме во целост, преземено од грчките медиуми. Би-би-си барем досега ја нема објавено реакцијата на амбасадорот.

На мое големо изненадување и разочарување вчера, недела 24 февруари, на веб-страницата на Би-би-си прочитав статија под наслов „Невидливото малцинство во Грција“. Оваа статија содржи значителни историски неточности, ги искривува фактите на сметка на Грција и, што е најважно, не оди во прилог на Преспанскиот договор: историски договор, кој реши еден децениски спор, ја зајакнува стабилноста во балканскиот регион и служи како пример за решавање на разликите со дијалог и со меѓусебно почитување.

Во Грција има само едно малцинство, признаено со меѓународните договори, имено муслиманското малцинство. Сепак, статијата се обидува да покрене непостоечко прашање преку нарушување на Преспанскиот договор, додека нејзината авторка одлучила дури и да не ги цитира неговите релевантни одредби.

Статијата претполага дека „со ратификувањето на договорот со новопреименуваната Република  Македонија, Грција имплицитно го признава постоењето на македонски јазик и етничка припадност“.

Што се однесува на прашањето за јазикот, во Спогодбата се споменува (член 1, точка 3 (ц)) „македонски јазик“ на многу специфичен начин: т.е. исклучиво како официјален јазик на Северна Македонија. Покрај тоа, тој експлицитно појаснува (член 7, став 4) дека тој спаѓа во групата на јужнословенски јазици и што е најважно, дека не е поврзан со историјата, културата и наследството на грчка Македонија, од антиката до денес.

Што се однесува на погрешната претпоставка дека постои имплицитно признавање на „македонска етничка припадност“ што наводно произлегува од Преспанскиот договор, дозволете ми да укажам на еден основен принцип во меѓународното право: државите признаваат држави, а не етнички групи. Етничката припадност на граѓаните не може да се утврди со меѓудржавни договори. Оттука, Грција го задржува правото граѓаните што го сочинуваат етничкото мнозинство во нашата соседна земја да ги нарекува со термините што се користеа до денес, додека тие го задржуваат правото на самоидентификација.

Преспанскиот договор не споменува етничка припадност, туку „националност (државјанство)“ (член 1), што е законска обврска меѓу државата и граѓанинот. Според тоа,  Македонија го измени својот устав (член 23), нагласувајќи дека националноста (државјанството), како што е договорено со Преспанскиот договор, „не ја дефинира ниту однапред ја утврдува етничката припадност / етничката група“.

Оттука, очигледно е дека Преспанскиот договор во никој случај не води кон „имплицитно признавање“ на кое било малцинство во нашата земја, како што авторката погрешно и произволно тврди. Напротив, Преспанскиот договор јасно утврдува, меѓу другото, дека ништо во нејзиниот устав, каков што е сега во сила или ќе биде изменето во иднина, не може и не треба да се толкува како конституирање и никогаш нема да претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата страна во која било форма и од која било причина (член 4, став 3).

Токму во овој контекст Македонија го измени членот 49 од својот Устав, со цел да се однесува исклучиво на поддршката на своите граѓани и дијаспора и да ги избрише референците како „поддршка на македонскиот народ … во соседните земји“.

Разните тврдења во статијата се чини дека се совпаѓаат со ставовите на Виножито, единствената политичка партија што тврди дека го претставува т.н. „македонско малцинство“. Би сакал да додадам дека на сите национални или европски избори во кои учествуваше, изборната поддршка што ја добиваше оваа партија секогаш беше минимална, а секогаш се кандидираше како дел од повеќепартиски коалиции.

Би ве замолил да го објавите ова писмо за да ги вратиме фактите и да ја кажеме вистината. Се надевам дека овие согледувања ќе бидат земени предвид во идните статии на вашиот ценет јавен радиодифузер на оваа тема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This