ПИСМО ДО НАЈДОБРАТА ПРОФЕСОРКА: „Ви благодарам што ми бевте мајка кога најмногу ми требаше!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се викаше госпоѓа Нада. Првиот ден од школската година во петто одделение на своите ученици им кажа една лага. Како и сите професорки им рече дека сите подеднакво ги сака. Но тоа не било возможно, бидејки во првиот ред на клупата пред неа на своето место седело едно момче по име Марко.
Госпоѓа Нада го следела Марко во претходните години и приметувала дека многу ретко си игра со останатите деца, облеката му била неуредна и не се капел редовно. Марко многу често знаел да биде и некултypeн, па професорката морала да се справува со него ставајки му единици за неговата непослушност.

Во школата во која професорката Нада предавала, професорите на крајот од школската година пишувале свое мислење за секој ученик и него да го читале пред останатите професори. Во прво одделение за Марко пишувало “Марко е бистро дете и секогаш се смее. Уреден е и убаво воспитан. Многу е добро да се учи такво дете.” Во второ одделение за Марко пишувало ” Марко е одличен ученик, сите го сакаат, но има многу големи проблеми дома, бидејки мајка му е неизлечливо болна.”

Во трето одделение – ” Тешко ја поднесе cмpттa на неговата мајка. Неговиот татко воопшто не обрнува внимание на него и ако така продолжи тоа лошо ке се одрази на самото дете.” Во четврто одделение ” Марко се повлече во себе и нема многу пријатели. Нема интерес за школа и знае да заспие на часовите.” Госпоѓа Нада тогаш сфатила во што е проблемот и се засрамила што порано не го видела тоа. Уште потешко и било кога сите ученици за 8-ми март и донеле убаво спакувани подароци, а само Марко својот подарок го донел спакуван во обична книжна кеса. Госпоѓата Нада со голем напор го отворила токму неговиот подарок.

Некои од децата во тој момент почнале да се смеат кога виделе дека во кесата Марко ставил ланче од пластични камења и до половина полно шишенце парфем. Професорката им рекла на децата да се смират, кажала дека ланчето е прекрасно и го ставила на вратот, а од парфемот си ставила на рацете и на вратот. На последниот час Марко останал последен во училницата и и рекол на професорката: “Госпоѓо Надо денеска мирисавте како некогаш мојата мајка.” Бидејки сите деца си заминале професорката плачела речиси два часа. Од тој ден престанала да им предава на своите ученици. Таа почнала да ги учи. Госпоѓа Нада обратила посебно внимание на Марко. Колку повеке работела со него, тој толку побргу се променил. Почнал да учи, да напредува. До крајот на годината станал најдобар во класот, а воедно бил и нејзин омилен ученик. Следната година на своето биро нашла порака од него дека таа сеуште е најдобрата професорка која тој ја имал.

После шест години, повторно добила порака од Марко кој и кажал дека успешно завршил гимназија, а таа е сеуште најдобрата професорка во неговиот живот. После неколку година пак добила порака дека понекогаш му е многу тешко, но сепак го завршува факултетот со најдобри оцени. Но, сепак овде не е крај на приказната.

Пролетта таа година, стигнало уште едно писмо од Марко за неговата професорка Нада. Во писмото Марко и кажал дека ја запознал девојката на неговиот живот и дека сака да се венча со неа. И објаснил дека и неговиот татко пoчинaл пред неколку години и ја прашал дали таа би сакала да седне на местото на неговите родители на денот на неговата венчавка. Секако дека госпоѓата Нада ја прифатила поканата. На денот на венчавката на Марко таа го ставила ланчето што тој и го поклонил и си ставила од парфемот на неговата мајка.

После церемонијата го прегрнала Марко и тој и шепнал:

“Ви благодарам што верувавте во мене. Ви благодарам што направивте да се чувствувам посебно и да постигнам нешто во животот.”

Госпоѓа Нада со солзи во очите му шепнала на Марко:

“Марко грешиш, ти си тој што ми помогна нешто да постигнам во животот. Пред тебе јас не знаев како да ги учам другите деца.”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This