Писмо кое kpeна лавина од peakции во Италија: Сопственик го отстапил станот на медицински лица, но соседите постапиле погpeшно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Писмо на станари од северна Италија кое е упатено кон заменик градоначалникот и Управата за Здравство, предизвика општ бес затоа што станарите бараат од властите да се промени одлуката на сопственикот на станот кој својот стан бесплатно го отстапил на медицинските работници во време на епидемијата коронавирус и да се провери нивната здравствена состојба.

Во Порденоне 25 сопственици ги дале своите станови бесплатно за да ги користат медицинските работници кои ќе дојдат во градот да помогнаат на болниците за време на епидемијата коронавирус.

Заменик градоначалникот Елидза Грицо вели дека добил напад на бес кога го прочитал писмото. Одговорил остро и на потписниците на писмото им се заканил со тужба доколку некој се осмели јавно да ја осуди здравствената состојба на работниците кои ќе се вселат во становите.

Лут сум и верувам дека ова е единствен случај каде луѓето се противат на подготвеноста на многу граѓани бесплатно да ги стават на располагање своите слободни станови на лекарите и медицинските сестри, кои ќе дојдат во Порденоне да им помогнат на колегите во болниците, а од друга страна се оние кои се грижат само за себе, рекол Грицо. И мене би ми било мачно поради тоа писмо, посебно затоа што потписниците бараат од нас однапред да им ја соопштиме здравствената состојба на лицата кои ќе бидат сместени во тој стан, што е противзаконски. Зарем тоа е благодарност за оние кои се жртвуваат за да спасат нечиј живот? Со среќа, на повеќето луѓе од Порденоне, дури и во оваа ситуација покажаа дека имаат огромно срце – рекол претседателот на здружението на медицински сестри во Порденоне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This