ПИСМО СТАРО 250 ГОДИНИ ГИ ПОБИВА ЛАГИТЕ: Балканската историографија е базирана на лаги, ова писмо тоа и го докажува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од писмо старо 259 години гледаме дека грчката, српската и бугарската историографска наука измислила и лаже дека не постои македонски народ. Владиката Василиј Петровиќ јасно ги набројува Македонците во ист ред со Србите, Бугарите и други балкански народи. Црногорскиот митрополит како „смирен пастир на својата татковина на народот црногорски“ пишува писмо до рускиот гроф Шувалов дека „Албанците, Македонците, Бошњаците, Србите и Бугарите, сметајќи на заштита на Русија, ќе останат во својата вера, а доколку Црна Гора биде уништена и тие ќе ја изгубат надежта и ќе примат муслиманската вера.

pismo

Василиј Петровиќ – Његош (1709 – 1766) бил црногорски митрополит и владател. Владеел заедно со Сава Петровиќ Његош. Во борбата против Османлиите тој се надевал на помошта на Хабзбуршката монархија и Руската империја и со својата дејност успеал да ги продлабочи врските со Руската империја. Истовремено тој е творец на првата историја за Црна Гора.

Согледувајќи ја непосредната опасност од Турците кои од сите страни ја опкружиле Црна Гора, на 15 јануар 1756 година, Василије го моли австрискиот цар да се завземе за заштита на Црна Гора и сите христијани, а Црногорците се ќе направат, како што и порано правеле за да помогнат. Василије и Сава заедно на 29 октомври упатуваат во име на христијанството и истата вера проглас до српскиот народ под Османска власт да не ги помагаат со оружје Турците кои тргнале на Црна Гора да ја поробат. Во декември истата година Црна Гора се нашла во уште потешка положба поради измамите на луѓето од Венеција, кои во соработка со Турците ги затвориле сите патишта и на земја и по море, притоа заканувајќи се со смртна казна на секој оној кој овозможи да помине и еден Црногорец.

Тешката положба во која се нашла Црна Гора ќе го натера Василије да тргне во дипломатска офанзива и да бара помош од рускиот преставник во Риека грофот фон Кајзерлинг, грофот Бестјужев, Алексеј Разумовски и Иван Шувалов за да се завземат за Црна Гора. Очигледно е дека оваа активност била успешна бидејќи на почетокот на 1757 година бил воспоставен мир меѓу Турците и Црногорците.

По воспоставувањето на мирот, Василије се обидува да воспостави добри односи и со Венецијанците. Во обраќањето до Венецијанскиот принцип за време на престојот во Трст, 15 јуни 1757 година, тој го потсетил на добрите меѓусебни односи во минатото, кога Црногорците биле богато помагани со пари и подароци, а тие привилегии во име на христијанството осведочено се продолжени борејќи се за својата слобода и со тоа и за целото христијанство.

Се чини дека, сепак, Венецијанскиот принцип не се грижел многу за молбата на Василиј, бидејќи во декември 1757 година црногорскиот владика повторно барал помош од грофовите Шувалов и Бестјужев, жалејќи се дека Портата и Венецијанската република “се кренаа на нас”, а славната Руска империја треба да знае дека “нашите христијански браќа, кои стенкаат како турски поданици -. Албанци, Македонци, Босанци, Срби и Бугари” гледаат “на наше покровителство и надеж за свое избавување”.

Иако поединци во руската државна хиерархија се завземале за Црна Гора, тоа не било доволно, поради што Василиј, на 10 септември 1758 година директно се обраќа до царицата Елисавета од која бара заштита за Црна Гора и помош од 15.000 рубљи. Меѓутоа, во Русија се јавуваат поединци кои говорат негативно против Црна Гора и самиот Василиј, поради што тој бара заштита од Колегиумот за надворешни работи и од рускиот сенат. Меѓу имињата кои ги спомнува Василиј се наоѓаат поручникот Јаков Јездимировиќ, калуѓерот Тедосиј Марковиќ, мајорот Степан Шарович, Хрватите Шевич и Прерадович, како Хорват Цинцар од Македонија.

При секое ново обраќање на Рускиот двор, митрополитот Василије не пропушта да се повика на старите грамоти и привилегии во кои била прецизирана руската помош за Црна Гора и дефинирани меѓусебните односи. Во декември 1765 година, Василиј одлучува „писмено да го престави црногорскиот народ“ почнувајќи од Црноевиќ до неговото време. Црногорскиот митрополит кој се залагал за својот народ и барал високоцарска и серуска милост за својата татковина, починал во Русија на 10 март 1766 година.

Во текот на својот живот Василиј ја напишал „Кратката историја на Црна Гора (Москва, 1754), „Пофалба за Немања“, како и две кратки истории за Црна Гора, кои останале во ракопис. Покрај овие дела, прифатено е дека неговата коресподенција има и одредена литературна вредност. За нас е важно дека во нив го спомнува Македонците и Македонија. Со тоа тој ги побива грчката, српската и бугарската историографска наука која измисли и лажела, а некои и сеуште лажат дека не постои македонски народ. Како што се глада владиката Василиј Петровиќ во писмото до Шувалов јасно ги набројува Македонците во ист ред со Албанците, Бошњаците, Србите и Бугарите.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This