ПИШЕВ: Аболицираниот криминалец Зоран Заев лаже

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Аболицираниот криминалец Зоран Заев лаже. На аболицирани не може да им се верува. Нашиот народ знае дека кој еднаш излажал или украл, тоа ќе го стори повторно. Аболицијата не го промени Зоран Заев, истакна Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

vasil-pisev

Во продолжение интегрален текст од пресконференцијата

На изборите во 2013-та година ги излажа струмичани дека во третиот мандат ќе изгради мултифункционален пазар и хала за саеми и свечености на просторот на поранешната касарна во Струмица.

Сега аболицираниот Заев за да најде покритие за лагите врши притисок и врз локалните институции и го урива нивниот углед. Заради аболицираниот лажго, сега и локалните институции кажуваат невистини и го манипулираат народот наместо да работат за него.

Тие и Зоран Заев при очи ги прават слепи струмичани.

Еве ги фактите:

Општина Струмица има право да стопанисува и управува со градежно земјиште на просторот на поранешната касарна, со површина од над 20 хектари.

Значи,  Заев имал 20 хектари за да гради хали или пазар.

Зоран Заев потпишал, а Советот во 2010-та година изгласал ДУП со кој  испланирал просторот на поранешната касарна.

Значи,  Заев урбанистички испланирал простор кој веќе му бил отстапен. Со тоа дефинитивно се потврдува дека Општина Струмица излажаа пред неколку дена.

Заев во 2013-та година ветуваше пазар и хала, а во касарната доделувал илјадници, илјадници метри квадратни за станбени површини, затоа што му биле важни бизнис интереси, а не интересите на граѓаните.

На просторот на касарната сеуште има 8.700 метри квадратни празен простор, непродаден, предвиден за големи трговски единици што вклучува и пазари и хали. Просторот е доволен, но Заев нема интерес да изгради нешто што е потребно за граѓаните.

Зоране, очигледно не ти е грижа за потребите на граѓаните, а уште помалку за дадениот збор. Ги лажеше струмичани, а сега без срам и перде ја лажеш и целата македонска јавност.

Сите знаат дека тоа што го ветуваш, го погазуваш. Затоа ќе бидеш казнет од граѓаните на 11-ти декември, а најсилната казна ќе ја добиеш од струмичани.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This