ПИШМАНАЏИИ ВО СЗО: Заштитните маски да се носат и на јавни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) им препорача на владите да го поттикнат населението да носи маски на јавните места каде што постои ризик од трансмисија на коронавирусот. Ажурираните препораки следуваат по резултатите од студиите спроведени во последните неколку недели.

Со оглед на податоците, СЗО им советува на владите да ја охрабрат јавноста да носи маски во случај кога е тешко да се одржи физичка дистанца, како на пример во јавниот превоз, продавниците и во затворени и многу посетени места, изјави генералниот секретар на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Претставничката на СЗО Марија ван Керхов изјави дека од оваа меѓународна организација ги советуваат властите да ги поттикнат луѓето да носат маски во јавност.

Им советуваме на владите да го поттикнат населението да носи маски. Поточно, нека носат маски од ткаенина, значи немедицински маски“, изјави Керхов во интервју за новинската агенција „Ројтерс“.

СЗО претходно сметаше дека не постојат доволно докази дека и здрави луѓе би требало да носат маска. Таа препорачуваше медицинска заштитна маска да носат само оние кои се болни или се грижат за други болни луѓе.

На светско ниво, досега има 6,7 милиони заразени со коронавирус, а починале речиси 400.000 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This