ПИШТОЛОТ СО КОЈ Е ЗАСТРЕЛАН ЈАНУШЕВ СЕУШТЕ ПРЕД „РЕД КАФЕ“: Врие од полиција пред скопското кафуле, каде што беше пукано врз Мартин Јанушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напаѓачот кој со 5 куршуми вечерва во 18:00 часот го застрела фудбалерот Мартин Јанушев, во Аеродром пред кафулето „Ред Кафе“ го фрлил пиштолот на местото на настанот и избегал во непознат правец.

Во моментов врие од полиција на улицата „Владимир Комаров“, каде што се случи настанот. Очевидци јавуваат дека полицијата врши увид а пиштолот е на улицата пред кафулето.

Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција.

Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев, брифираат за ТВ Телма полициски извори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This