Започнува првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал. Првиот противник со кој ќе се соочат македонските фудбалери е репрезентацијата на Австрија.
Македонија за прв пат учествува на Европското првенство во фудбал.
Ова е стартниот состав кој ќе го отвори дуелот помеѓу Македонија и Австрија на Европското првенство во фудбал.
На голот е Димитриевски, во одбраната ќе бидат Муслиу, Велковски, Стефан Ристовски, по страничните позиции се Алиоски и Николов, во средниот ред ќе играат Адеми, Барди и Елмас, а во нападот Пандев и Трајковски.