April 23, 2024, 11:37 am

Пијалак кој прави чуда за вашиот организам – вода со мед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медот е еден од најздравите производи, така што секојдневното конзумирање е благодет за вашето тело. Доколку го пиете секое утро на празен стомак, изматен во чаша млака вода, ќе го разбудите вашиот метаболизам. Изматете една лажица мед во 2 дл млака вода и почекајте целосно да се растопи. Обрнете внимание водата да не биде жешка, бидејќи ќе ги уништи сите хранливи состојки на медот.

Ваквото конзумирање на медот има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот, смирувањето на стомакот, детоксикација на телото и делува против бактерии.

Ако додадете малку лимон во овој пијалок, станува сојузник во зајакнувањето на имунитетот и губењето на килограмите.

Како да откриете дали медот е вистински?

Медот е исклучително корисна храна и е добра секое домаќинство да има барем по еден тегла. За жал во последно време пазарот е преплавен со неквалитетни производи. Во нив често се додадени гликоза, шеќер, скроб или други материи. Има сепак лесен начин да откриете дали медот навистина е природен.

Ставете малку од него (не повеќе од една кафена лажичка) на парче тоалетна хартија и почекајте околу 30 минути. Ако медот е лажен, околу него ќе се формира влажна шара, бидејќи глукозата или друга дополнителна состојка почнува да се двои. Ако сепак медот остане непроменет, значи навистина е квалитетен.

Во случај да се сомневате дали во медот има скроб, можете да проверите со помош на неколку капки јод. Разредете го медот со малку вода и со јод – ако тој добие сина боја, тоа значи содржи скроб. Имајте на ум, исто така, дека природниот мед брзо се кристализира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This