March 28, 2024, 12:13 pm

ПЛАНИНАРОТ АЛЕКСАНДАР КОЈ ЗАГИНА БИЛ ЖИВ КОГА ГО ПРОНАШЛЕ СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ: Со јаже спасувачите се обиделе да го извлечат но поради непозната причина се откачил од ременот и паднал по стрмната падина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Миновски, планинарот кој загина со Калина Велеска на Кајмакчалан бил жив во моментот кога првите спасувачки екипи ги пронашле двајцата изгубени планинари. Ова го покажува барањето за обдукција на грчката полиција до кој дојде Телма.

Напишано е на 11 ти февруари, ден по несреќата односно истиот ден кога се извлечени телата. Но, во него пишува дека Солунската специјална единица за справување со катастрофи ги пронашла Калина и Александар во 22 часот во саботата на 10-ти февруари. Во него јасно пишува дека Александар бил жив и со јаже спасувачите се обиделе да го извлечат додека претпоставуваат дека Калина не била жива, објави Телма.

„Направен е обид за нивно извлекување – спасување, на горенаведениот маж со употреба на ремен, додека истиот се уште беше свесен, додека горенаведената почината не покажуваше знаци на живот ниту на чувствителност и веројатно беше веќе почината. Според соопштението на спасителот додека течело извлекувањето со ременот, истиот поради непозната причина се откачил од ременот и паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина каде поради темнината и лошите временски услови (силен снег и силен ветер) кои во моментот преовладуваа таму, беше невозможно да се лоцираат“.

Ова покажува дека спасувачите се откажале од понатамошна потрага и дури следниот ден во 13 часот како што пишува во барањето ги извлекле телата и пренеле во болницата во Воден.  Според она што го пишува таму Александар бил пронајден 40 тина метри погоре од Калина која била затрупана со метар и пол снежен нанос. Телма контактираше со надлежниот службеник од полициската станица во Воден Ѓавурополус кој го подготвил барањето, но тој за подетални информации ни рече да го контактираме утре. Од противпожарната бригада која ист отака учествуваше во спасувањето ја потврдуваат веродостојноста на документот.

„Тие го пронашле него, но тој паднал повторно. Да, да. Дали е точно? Да точно е. И тие не можела да го пронајдат него цела ноќ се до утрото следениот ден, во недела? Да, да“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This