ПЛАНОТ ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА СЕ ИНТЕНЗИВИРА: Еве позади што се крие реализацијата на идејата за „Голема Албанија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскот министер за надворешни работи Никола Димитров, за идејата за промена на границата помеѓу Србија и Косово, изјави дека размената на територии и етничките граници се концепти кои припаѓаат во минатото и дека во обидената Европа не постојат граници, пишува Спутник.

Дали со оваа изјава Димитров го поддржува планот на Албанија за отварање на границите, со оглед на тоа дека Еди Рама навести дека планира да ги отвори границите и кон Македонија.Бранко Џорџевски, политиколог од Скопје, смета дека нема ништо лошо во отварањето на границите ако е во функција на воспоставување на Европските вредности и дека ние на Балканот мораме да се стремиме кон тоа да ги направиме границите невидливи.

Со плановите на Еди Рама за промена на границите кои според него треба да се невидливи се согласува и грчкиот министер за надворешни работи.

Прашање е дали на тој начин ќе се олесни и поедностави животот на граѓаните или пак ќе служи за реализација на нечии политички цели.

Обединувањето на државите на Балканот е многу актуелна тема според Џорџевски. Меѓутоа постојат и аспирации кон териториите на соседните држави. Прашање е колку државите имаат капацитет да си ги зачуваат своите територии.

Фактот дека се повеќе се зборува дека позади идејата за промена на европските принципи кога се работи за границите се крие и идејата за „голема Албанија“ е опацен, смета Џорџевич, но не значи дека идејата е остварлива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This