ПЛАНОТ НА ГЕРМАНИЈА ЗА КОСОВО: Три чекори со кои ќе се реши прашањето меѓу Косово и Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планот со три чекори е ново сценарио со кое Ангела Меркел, германскиот канцелар, би сакала да го реши статусот на Косово.

Дипломатски извори велат дека новиот план е резултат на обидите за Германија и Франција се најдат на половина пат и заеднички да го забрзаат дијалогот и да постигнат решение за јужната српска покраина.

Идејата за која се залага за Меркел е претставена како чекор по чекор програма.

Меркел е против поделба, бидејќи е убедена дека тоа ќе го отвори прашањето за границите на други земји во Европа и дека тоа ќе се отвори Пандорината кутија. Сепак, свесна дека нема решение кое ќе донесе трајна cтабилност, смета дека одговорот се три чекори кои треба да се реализираат во период од 20 години .

Првата фаза ќе значи дека северно Косово ќе добие автономијa. Ќе остане дел од Косово со висок степен на независност.

Според Меркел, во втората фаза, која ќе биде неколку години подоцна, север ќе добие специјален статус кој ќе биде повеќе од автономија по што во третата фаза, ќе се направи референдум на кој народот ќе гласа дали сакаат да останат во рамките на границата на Косово – вели изворот

Овие решенија се апсолутно непpифатливи за Србија, посебно поради пpитисокот на кој ќе бидат изложени за гласањето на референдумот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This