ПЛАНОТ НА ЗАПАДОТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Формирање на „Белгија на Балканот“, а името ќе биде изненадување за сите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија би требало да стане федерална држава според белгискиот модел. Ќе се состои од албанска Илирида и македонска Македонија, а името на државата би било променето во Централнобалканска Република. Според мислењето на западните планери, Грција во тој случај би го повлекла ветото и Македонија би имала отворен пат кон НАТО

Како ќе се разреши македонскиот јазол, прашање е кое го загрижува македонското општество како и западните планери на балканската иднина. Охридскиот договор од август 2001-та е нарушен по воспоставувањето на новата македонска влада, а решението за тоа сеуште нема на повидок.

Македонија е црврсто определена да оди по патот на зачленување во ЕУ и НАТО, меѓуота на македонскиот евроатлантски пат стои препрека во видот на Грција, која не дозволува Македонија под тоа име да влезе во интеграции.

Претворањето на Македонија во федерална држава е едно од решенијата на македонскиот јазол, се смета на Запад, меѓу европските и америсканските планери.

Повеќе предлози за федерализација веќе кружат во јавноста, а оној кој е најверојатен е Македонија да биде претворена во федерална држава според моделот на Белгија, истакнува историчарот Александар Раковиќ за Спутник.

Според тој план, Македонија би се состоела од две републики – на запад албанска Илирида, на исток македонска Република Македонија, додека претстолнината Скопје би бил посебен, мешовит дистрикт. Самата држава би го несела името Централнобалканска Република.

Со таков потег би биле отстранети сите препреки Македонија, по забрзан процес да биде примена во НАТО и подоцна во ЕУ бидејќи Грција би го повлекла своето вето.

Овој план вели Раковиќ, не е нов, туку истиот циркулираше во последните неколку години како можно решение на македонското прашање.

„Меѓутоа, дознавам од доста сигурни извори од луѓе на врвот на Македонското општество, дека предлогот за Централнобалканска Репубика, би бил потполно неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, сега добива нова содржина, а тоа е, всушнсот во склад со новата влада и зголемената улога која ќе ја имаат Албанците во новата држава и општество“, објаснува Раковиќ.

Албанските партии и владеачкиот СДС на Зоран Заев би го поддржале овој план, но се постаува прашањето дали ова ќе го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа би значело дека би морало да се менува уставот во Собранието или на референдум. Тоа сега се клучни теми – дали би можело тоа да помине во македонското општество и на кој начин некој воопшто би барал тоа да помине – дали би се гласало во Собранието или би одело на референдум“, прашува Раковиќ.

Прашањето е дали тие кои испланирале ваква иднина за Македонија ја разаботиле стратегијата и тактиката се да е планирано и лесно спроведено, или на крајот ќе се покаже дека постои отпор кај Македонците за ваквите планови.

Уште едно важно прашање е името, покрај Централнобалканска Република, е или веќе прифатен предлог или само лакмус хартија кој би требало да покаже колку е прифатлива промената на името Македонија, а колку е прифатлива федерализацијата.

„Доколку е прифатлива федерализациајта, и да речеме, се види дека тоа може да се истурка, тогаш сигурно ќе се оди на промена на името. Ќе најдат некое друго име кое на Грците ќе им биде прифатливо, но Грците најавија дека нема да бидат задоволно само со име кое нема да содржи Македонија како поим во идниот назив на државата. Со тоа би се, ако во името на државата го нема Македонија, отвориле можности за кревање на ветото“, заклучува Раковиќ.

35 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This