April 24, 2024, 11:58 pm

ПЛАСТИКАТА ЗАКАНА ЗА ОПСТАНОКОТ НА ПТИЦИТЕ: Најопасна е за младенчињата на морските птици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците морските птици ги хранеле со пластични пелети за да ги откријат директните ефекти на изложеноста на пластиката, пренесува Би-би-си.

 

 

 

 

Откриле хемикалии од пластиката во црниот дроб и масното ткиво на птиците во количество илјадници пати поголемо од нормалното. Следењето на морските птици, меѓу кои и албатросите, открило слични резултати.

Со падот на бројот на речиси половина од видовите на морските птици и прогласувањето на 28 отсто од нив за загрозени, хемиското загадување е „главна и растечка закана“, велат научниците.

Истражувањето го предводел Шота Накајама од универзитетот Хокаидо во Јапонија.

„Тие откритија се директен доказ на изложеноста на морските птици на пластични адитиви и ја истакнуваат улогата на отпадот во морињата како извор на хемиско загадување“, се наведува во трудот објавен во магазинот Карент бајолоџи.

Имајќи ги предвид сегашните трендови се проценува дека до 2050 година 99 отсто од птиците ќе голтнат пластичен отпад.

На птиците пластиката која плови по морската површина им личи на храна и тоа може да ги повреди и убие. Ефектите на токсичните хемикалии кои ги апсорбира телото се помалку јасни.

Следниот чекор е да се открие дали хемикалиите во пластиката имаат фатални ефекти врз размножувањето и преживувањето, вели д-р Саманта Патрик од универзитетот на Ливерпул која не учествувала во истражувањето.

Студиите кои ги истражуваат директните последици на голтањето хемикалии се клучни за разбирањето на „скриените“ ефекти на пластиката врз морските птици, додава таа.

„Студијата покажува дека пластиката може да доведе до зголемено ниво на загадување кај младенчињата на морските птици“, објаснува таа. „Тоа е важен чекор напред во нашето разбирање како пластиката влијае врз морските видови“.

Научниот тим ги проучувал птиците од јапонскиот остров Авашима и од Хаваите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This