April 20, 2024, 12:40 am

Платежните картички на Владата причина за потенцијален кластер на корона во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гужви пред банките во Тетово, мерките за заштита од корона вирус не се почитуваат.

Издавањето платежни картичките како дел од третиот пакет мерки против економската криза ги врати долгите редици пред банките каде не се почитуваа мерките за заштита. Во повеќето случаи немаше растојание, ниту неопходното носење на маските.

Поради големото чекање, граѓаните често губеа трпение.

„Тука е ризикот, тие сами го создаваат ризикот, мора да преземете мерки, еве ја поканата, пишува во сабота во 1:10 часот, дојдов навреме, рекоа не работиме. Мора да се дојде повторно“.

„Бев тука од 8 и 30, ми го дадоа бројот 129, но пуштаат преку ред. Ризикот го прават тие од обезбедување бидејќи пуштаат тројца со еден број“.

„Тие не ги носат дома, плус се оправдуваат дека ги немаме трансакциите тука, за да дојдеме повторно. Доаѓаме од селото овде два – три пати“, рекоа граѓаните.

Од Кризниот штаб во општина Тетово бараат банките да го зголемат бројот на обезбедување со цел одржување на редот. Во последните 24 часа се регистрирани 17 нови случаи на Ковид 19 во тетовскиот регион, со што бројот на заболени се зголеми на 430. Во овој регион излечени се 144 лица, а 28 лица починале од почетокот на пандемијата.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This