Платени убиства и мафијашки пресметки, Грција како Колумбија во 90-тите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет платени убиства поврзани со мафијата и организираниот криминал се случија во последните 40 дена, го активираа алармот во грчката влада, пренесува бриселски Еуроактив.

Министерот за цивилна заштита Михалис Крисоходис на Врховниот суд во Грција му предаде полициски запозник со детални податоци за организираниот криминал во Грција. Помеѓу имињата е листа на 500 имиња на луѓе поврзани со уцени и платени убиства.

Крисоходис вети дека ќе воведе „ред и безбедност“ во земјата, но критичарите велат дека последните случувања го демантираат во оваа намера.

Серијата на убиства започна во Април со ладнокрвното убиство на новинар.

Политичкиот аналитичар Мариана Пиргиоти за грчката МЕГА ТВ изјави дека убиствата имаат сериозен удар врз грчкото општество, а претставуваат и сериозна политичка штета за владата на премиерот Киријакос Мицотакис.

Најголамата опозициска партија Сириза ја обвини владата за неспособна да ги заштити граѓаните од криминалот, и наместо борба со мафијата сака да воведе нова специјална полициска единица за следење на универзитетите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This