ПЛАТИ КАКО ВО АФРИКА, ЦЕНИ КАКО ШВАЈЦАРИЈА: Македонија има најскапи патарини во регионот, а можеби и во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Балканската редакција на „Ал Џазеира“ ги истражуваше цените на патарините во земјите од екс-Југославија, калкулирајќи ги цените кои треба да ги платат граѓаните на БиХ, Хрватска, Македонија, Србија и Косово за секој 10-ти километар поминат на автопат

Во државите од регионот со затворен систем на наплата, Србија има најефтини патарини – возачите за користење на автопатите издвојуваат 0.33 евра за секој 10 километри извозени по автопатскиот систем во земјата.

Косово нема патарини. Додека во Црна Гора се уште се чека изградба на првите километри автопат во земјата.

Во Македонија е значително поразлична ситуацијата во зависност од тоа дали се плаќа во домашна валута, или во евра – десет километри автопат во евра чини 0.75 евра, додека во домашна валута е 30 денари, што конвертирано би значело 0.49 евра.

Словенија користи систем на наплата со вињети – налепници со кои се плаќа патарината во одреден временски период. Вињетка (за возила до 1,3 метри висина и тежина до 3.5 тони) за седум дена чини 15 евра, за еден месец 30, додека годишна 110 евра.

Системот на наплата со вињети се користи уште и во Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Швајцарија.

Општо земено, патарините во земјите од регионот се повеќекратно поскапи отколку значително побогатите европски земји. На пример годишна вињетка во Словенија за лични возила до 3.5 тони чини 110 евра, во Австрија 89.20 евра, во Швајцарија 40 франција, односно 37 евра. Во Бугарија и Словачка возачите на патнички возила годишно плаќаат 50 евра. Годишната патарина во Чешка изнесува 59 евра, а во Романија 96 евра.

Во Македонија од Куманово до Гевгелија ќе платите 10 евра за користење на автопатот еднократно, а од Скопје до Охрид ќе платите пет евра. Или, ако секојдневно патувате од Куманово до Гевгелија со автомобил ќе платите 3650 евра годишно, односно, ако одите до Охрид од Скопје секојдневно ќе платите 1825 евра годиншно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This