April 25, 2024, 10:17 pm

ПЛАТНИОТ СПИСОК НА СОРОС: Повеќе од една третина од европските пратеници на „листата на Сорос“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Листат на Сорос“ од неговите експозеа во ЕУ не се ништо повеќе од механизам на милијардерот за промовирање на неговите нео-либерални политики, во кои се содржат и повици за масовна миграција, истополови бракови, итеграција на Украина во ЕУ, и војна со Русија – пишува политичкиот магазин „Дјуран“

Европскиот парламент брои 751 пратеник, а Џорџ Сорос контролира повеќе од една третина од овие пратеници.

„Европската демократија е фасада за да се сокријат активностите на центри на моќ блиски до феудалниот систем со локални лордови кои го контролираат“ – пишува политичкиот магазин „Дјуран“.

Јавна тајна е дека „мрежата на Сорос“ има екстензивна сфера на влијание во Европскиот парламент и другите институции на ЕУ. Листата на Сорос беше објавена јавно неодамна. Документот покажува дека повеќе од 226 европратеници од сите страни на политичкиот спектрум, вклучително и бившиот Претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, екс-пратеникот од Белгија Гај Верхофштад, седум вице-претседатели, и бројни шефови на комитети, координатори и легислатори. Овие луѓе ги промовираат идеите на Сорос, како отварање на границите за повеќе мигранти, истополови бракови, интеграција на Украина во ЕУ, и конфликт со Русија. Има 751 член на Европскиот парламент, што значи дека Сорос „држи“ повеќе од една третина од истиот под свое влијание.

„Соросовата листа“ фрла светлина врз прашањето за тоа што го тера лидерството на ЕУ да имплементира политики, кои се спротивни на интересите на Европјаните. Одговорот е корупција. Политичарите поткупени од Сорос, играат на неговата музика. Тие се борат против обидите на нивните национални лидери да ги заштитат интересите на сопствениот народ. Често оние кои се противат на таквите политиките се соочуваат со отпор во нивните држави од националните политички елити.

Ова само покажува колку Европската унија е фасада за структури блиски до феудалниот систем кој го одржуваат локални лордови. Невозможно е да се каже дека ова е демократија и моќ на народот. Листата на Сорос покажува кој владее со ЕУ и кој ги носи политиките на стариот континент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This