ПЛАТФОРМАТА Е ВОВЕД ВО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: И професорката Гордана Силјановска потврди дека платформата е противуставна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска, смета дека многу делови од Платформата го кршат Уставот на Република Македонија. Таа овие свои ставови ги изнесе во гостувањето во емисијата Фактор 24.

gordana-siljanovska-640x329

За точката од тиранската платформа: „Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ја зајакнува националната рамноправност на Албанското население“, професорката Силјановска смета дека е неуставна затоа што се руши принципот на мултиетничноста на државата.

-Албанската нација е државотворна нација и таа државотворност ја релизирала со создавањето на Албанската државотворност во 1912 година. Ако зборуваме за мултиетничност, тогаш инсистирањето на бинационалниот принцип, овде (платформата) нема ниту еден збор за другите национални заедници, тука не се споменати ниту Турци, ниту Срби, ниту Роми, ниту Власи, ниту Бошњаци, ги нема. Тогаш како може да збориме за мултиетничност, тоа не е мултиетничност, туку биетничност, вели професор Силјановска.

Професорката напоменува дека дека бинационалниот концепт само ќе ги продлабочи разликите меѓу граѓаните.

-Јас одговорно тврдам дека бинационалниот концепт секогаш ќе ги продлабочува разликите и ќе доведува до нешто што се нарекува игра на победници и губитници, смета Силјановска.

Силјановска уште еднаш напоменува дека голем дел од одредбите од платформата се надвор од уставот. Таа тука ја спомена точката од платформата: „Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот“. Таа за оваа точка вели дека вовед федерализација на земјата.

-Претпоставувам се мисли не на граѓанска рамноправност, индивидуална, туку за целосна рамноправност на македонската и албанската заедница. Во сите федерации на етнички клуч, да се навратиме на југословенската, постоеше по Уставот рамноправност на шесте конститутивни народи и републики, тоа беше федерација, вели Силјановска

Силјановска се осврна и на барањето за промена на симболите на униформите и двојазичноста на банкнотите.

-Барањето за двојазичност на банкнотите или за симболите на униформите е исто така нешто што постои во федерацијата. Симболите многу често повеќе кажуваат од зборовите, изјави Силјановска.

Инаку професор Гордана Силјановска, важи за еден од најголемите експерти и познавачи на уставното право во нашата земја, таа е и професор по предметот Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This