ПЛАТФОРМАТА ОД ТИРАНА ЌЕ ДОБИЕ ПАРАФ ВО СКОПЈЕ: Еди Рама ги обединува албанските партии во Македонија по следниве точки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската платформа подготвена во Тирана под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама по Нова година чека потпис во Скопје од лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата за Албанците и ДПА, Али Ахмети, Билал Kасами, Зијадин Села и Мендух Тачи за да се најде на маса како услов пред македонскиот партнер за новата влада.

rama-lider
По неуспехот на лидерот на ДУИ да ги обедини четирите партии што освоија пратенички мандати, помогна албанскиот премиер, кој на заедничка маса ги седна Ахмети, Kасами и Села и со драфт-верзија на платформата ја спаси иницијативата од целосно фијаско.

Впечаток е дека лидерите од албанскиот блок присутни на средбата во Тирана едногласно го бранат Рама дека не се меша во внатрешните работи на земјава со констатацијата дека средбата со албанскиот премиер била консултативна.

Од друга страна, Ахмети, Kасами и Села излегоа со различни ставови – од потврда дека има предлог-платформа до тоа дека нема документ и тој допрва треба да се изготви.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, вчера во брифинг за новинарите потврди дека има драфт-верзија на платформата, која прво треба да помине во партиските органи на четирите партии за да се финализира со потписи на четирите лидери.

– Дефинитивен документ с` уште нема. Тој ќе се усвои на средбата на партиите со нивните органи. Станува збор за драфт-документ што ги содржи главните точки на програмите на четирите партии. Документот е сумирање на точките од сите програми, почнувајќи од јазична и економска рамноправност на Албанците, судските реформи, расветлување на повеќе судски предмети, членството на земјата во ЕУ и НАТО и работата на СЈО. Нема ништо непознато за јавноста – потврди Ахмети.

Интересно е дека лидерот на ДУИ ја релативизира тежината на барањата од платформата со оцена дека не станува збор за услови што ќе бидат поставени пред македонскиот партнер за формирање влада, туку дека станува збор за потреби.

– Ова не се услови, туку потреби за Македонија. Нема ништо дискутабилно, мистериозно или опасно во овие точки за Македонија. Напротив, договорот меѓу партиите на Албанците е придобивка за Македонија. Ова се основните начела за кои ќе разговараме со македонскиот партнер за новата влада – вели Ахмети.

Тој додаде дека платформата ќе биде објавена и ќе биде ставена на маса пред идниот мандатар. Ахмети вели дека барањата од платформата не се црвени линии, туку неопходни потреби на Албанците. Тој не прецизира дали ако македонскиот партнер не ја прифати платформата, албанскиот блок нема да биде дел од владата, односно дека ќе нема влада.

Ахмети упорно инсистира дека станува збор за значаен документ, но не одговори зошто токму сега албанскиот блок излегува со таква платформа кога во Македонија нема меѓуетничка, туку политичка криза и зошто албанските барања се наметнуваат како услов за новата влада.

Според него, средбата во Тирана е резултат на претходните одделни средби на лидерите од албанскиот блок со албанскиот премиер и оти Рама е олеснувач, но не и иницијатор и креатор на платформата. Лидерот на ДУИ потенцира дека поддршка за унапредувањето на албанското прашање во Македонија имаат и од Kосово.

– Ни Албанија ни Kосово не ја изготвува политиката за Албанците во Македонија. Ние имаме свои цели, своја програма, но секоја помош со истомислениците од Албанија и Kосово е добредојдена, како и од меѓународната заедница – рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ не прецизира кога ќе биде избран претседателот на Собранието. Тој повтори дека с` уште не се почнати преговорите со македонската страна за формирање влада. Ахмети не одговори ни дали сите партии на Албанците ќе бидат дел од новата влада. Тој одби да одговори дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ со оглед на отпорот во партијата за тоа.

– Во ДУИ се анализира и нема дефинитивен став. С` уште чекаме мислења и процени од базата за да донесеме дефинитивна одлука – вели Ахмети.

Платформата ќе биде услов за секоја наредна влада

По средбата на албанскиот премиер со лидерите на партиите на Албанците од Македонија, весникот на албански јазик „Kоха“ објави дел од содржината на документот стокмен во Тирана. Во предлог-платформата пишува дека лидерите се согласиле оти нема алтернатива за ЕУ и НАТО, за поддршка на заедничката политичка агенда, која обезбедува остварување на целите во следната влада и во секој следен мандат.

„Постигнувањето на рамноправност во согласност со Охридскиот договор, внесување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде што Албанците се признаваат како конститутивен народ, постигнување целосна еднаквост на јазикот, употребата на албанските национални симболи (знаме и грб). Економска еднаквост и социјална политика, формирање министерство за политички систем и за заедниците, правична застапеност во безбедноста, во полицијата и правдата и воспоставување централна институција за унапредување на јазиците на заедницата, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, редактори и предавачи“.

Села и Kасами не виделе документ

Наспроти потврдата на Ахмети дека во Тирана е подготвена предлог-платформата, Зијадин Села од Алијансата на Албанците ни изјави дека не е точно оти во Тирана бил подготвен документот.

– Средбата со албанскиот премиер Рама беше консултативна. Нема зошто премиер на Албанија да подготвува документ на кој ние треба да се потпишеме. Во Македонија треба да седнеме и да ги договориме приоритетите – ни изјави Села.

И од Беса изјавија дека средбата со Рама била пријателска и консултативна и оти се разговарало за развојот на настаните во Македонија.

 

Дневник.мк

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This