ПЛАТФОРМАТА ОД ТИРАНА ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ВО ФАЗИ: Прва фаза која ја прифатил Заев е ослободување на терористите од „Диво Насеље“ и Смилковско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партискиот портпарол на ДУИ, Буjар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизiја потврди дека со СДСМ и Зоран Заев се усогласени и останатите точки од платформата. Ова значи дека албанската плaтформа постигната во Тирана под покровителство на Еди Рама ќе се реализира во фази

alb-zaev

Партискиот портпарол на ДУИ, Буjар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизiја потврди дека со СДСМ и Зоран Заев се усогласени и останатите точки од платформата. Ова значи дека албанската плaтформа постигната во Тирана под покровителство на Еди Рама ќе се реализира во фази.

Ова значи дека Заев прифатил се’ за кое што нема потреба од менување на Устав.

Во првата фаза, според најавата на Османи ќе се реализира и ослободување на осомничените за Диво Насеље, „Монструм“ и останатите случаи за кои албанските партии тврдат дека станувало збор за политички прогон, бидејќи за ваков чекор не е неопходна измена на Уставот.

– Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган, се бара во точката 3 од албанската платформа.

Во првата фаза веројатно би се одело и со донесување на резолуцијата за гоноцид. Во првата точка од т.н албанска палтформа донесена во Тирана, стои дека треба да се усвои Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година.

Меѓу другото, во платформата се бара и остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата, како и остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

Во петата точка од платформата, се бара и “Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, се вели во палтформата прифатена од Заев.

Во последната, седма точка од платформата насловена „Брза интеграција во НАТО и во Европската унија“, стои дека исполнувањето на горенаведените точки (што значи и решавање на името, односно негова промена) ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This