ПЛАЧКИ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Главниот НАТО Фест пиарџија во владата плаче на фб во 4:30 наутро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фијаското кое вчера го доживеа власта, разочара многу „експерти“ кои своите проценки ги засноваа на база на математичките непрецизности на министерот за финансии Драган Тевдовски


Меѓу нив, најодговорен, а со тоа и најразочаран беше главниот пијарџија на владата Марјан Забрчанец, кој рано изутринава уште во 4.30 часот наутро на Фејсбук напиша, во најмала рака, нејасен статус во врска со неуспешната „прослава“ за наводната покана за членство во НАТО.

Класичниот нокаут беше доволна причина, Забрчанец да зборува во шифри, преку нејасни, мистериозни пораки кои можат да се протолкуваат и како закана кон народот, но и како разочараност од сопствената неспособност.

„Македонија во НАТО ама не вака. Е како? Е сега, како. Зависи од околностите.“ – напиша Забрчанец, разочаран, во 4.30 изутринава. Многумина пораката на главниот пијарџија ја разбраа како закана дека „околностите“ за кои зборува е неприфаќањето на условите за членство од страна на алијансата, а тоа би значело дека власта е спремна и насила, без референдум во Собранието, шверцерски да го промени името на државата и така да ја втурне државата во НАТО.

Други пак, сметаат дека се работи за депресија и разочараност, најверојатно поради барањето „експертот“ за пијар да ја понесе одговорноста за трошоците и неуспехот на „прославата“ и веднаш да си даде оставка од работното место во Владата.

На социјалните мрежи пак, голем дел од граѓаните се жалат дека гласно ги пцуел и навредувал граѓаните кои, според него, не препознале колку важен момент бил овој и дека биле „глупави“ што не се појавиле на прославата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This