Плаќањето со смартфон е застарено, во Кина се плаќа со поглед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека повеќето луѓе од земјите низ светот се навикнуваат на плаќањето со паметни телефони, во Кина во продавниците ќе се плаќа со поглед кон терминал или екран, кој ќе ги препознае и ќе им земе пари од сметката.

Земјите низ светот полека ги заменуваат паричниците со мобилни телефони – иако за некои готовината и понатаму е најдобра опција за плаќање, факт е дека луѓето денес помалку носат со себе готовина, но и паричници бидејќи производите и услугите можат да ги платат со мобилен телефон. Во текот на наредните години, а особено по неодамнешното воведување на PSD2 директивата, се очекува пораст на користењето на мобилното плаќање и нови апликации и услуги што ќе ни го олеснат управувањето со финансиите, плаќањето, испраќањето пари и слично.

Но, додека во Европа, САД и другите земји се зборува за плаќање со мобилен телефон, Кинезите веќе некое време се чекор пред сите. Ним не им е потребна готовина, ниту картички, ниту мобилни уреди. За да платат во одредени продавници, тие треба само да погледнат во екранот опремен со 3Д-камери во кои е имплементирана технологија на препознавање лица. Системот ќе ги препознае корисниците (кои претходно мора да се регистрираат), ќе ја знае нивната банкарска сметка и од неа ќе го земе износот потрошен во продавница.

Плаќањето со препознавање на лицето дополнително ќе го забрза и ќе го поедностави плаќањето на каса, а особено на брзите каси на кои нема касиер, туку се автоматски.

Едноставно и побрзо, но дали е побезбедно?

Ако се прашувате дали постои страв за приватноста на корисниците и дали може нешто да се случи кога станува збор за ваквата технологија, одговорот е да. Секако дека постои страв, но факт е дека Кинезите се навикнати на технологијата на препознавање лица. Државата масовно ја користи оваа технологија за следење и надзор на своите граѓани, компаниите ги следат своите вработени, полицијата ја користи за да ги фати криминалците итн. Вакво нешто е незамисливо во другите земји, барем во обем во кој се користи во Кина. Но, за Кинезите се чини дека не претставува никаков проблем. Иако се свесни за потенцијалните проблеми со приватноста и безбедноста, истражувањата покажуваат дека луѓето ја користат оваа технологија.

Носителите на револуцијата на плаќање со препознавање лице во Кина се два технолошки гиганти – „Ант фајненшл“, кој е дел од „Алибаба“ со својот сервис за мобилно плаќање „Алипеј“, и „Тенсент“ со „Вичет пеј“. Станува збор за компании кои го држат поголемиот пазар за мобилно плаќање во Кина („Алипеј“ има повеќе од 700 милиони активни корисници) и во последно време масовно се инсталираат системите за препознавање лица во голем дел од поголемите и помалите продавници во Кина. Ваквиот начин на плаќање кинеските финансиски аналитичари не го сметаат за минлив тренд, туку иден стандард што ќе ги замени картичките и мобилните телефони и ќе го забрза целиот процес на купување и плаќање.

Додека некои корисници се задоволни со ваквиот начин на плаќање бидејќи не мора да носат паричник, ниту телефон, дел од нив имале проблеми бидејќи системот не можел да им го препознае лицето и покрај неколкуте обиди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This