ПЛЕНАРНАТА САЛА ПРАЗНА: Се уште нема кворум за работа – се чекаат пратеници кои живеат надвор од Скопје да пристигнат во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празна е пленарната сала на Собранието, иако седницата беше закажана да започне во 15.00 часот по повеќекратни одлагања. Според информациите се чекаат дел од пратениците да пристигнат во Собранието, а живеат надвор од Скопје


Засега, нема кворум за работа.

Дел од провладините медиуми објавија дека владејачкото мнозинство има обезбедено 2/3 мнозинство, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција повика Талат Џафери да го стави предлогот на гласање, со што ќе се види дека такво мнозинство немаат.

-Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, ја користиме оваа прилика, да укажеме на следново. Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум, кој што го организираше власта и владејачкото мнозинство и на кој што народот јасно се изјасни, дека немал одлука која што дава мандат за уставни измени. Гледате дека власта одолговлекува со гласањето, 19 дена се одолговлекува да се стави точката на дневен ред и да се гласа. Тоа е затоа што владејачкото мнозинство е свесно, дека за пратениците е поважна волјата на народот, отколку што се притисоците кои доаѓаат од страна на власта. Бараме од Талат Џафери без дополнително одлагање, да ја стави точката за изјаснување, да имаме гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема двотретинско мнозинство и дека нема услови, ниту мандат да покрене уставни измени, изјави Милошоски.

Тој кажа дека тие ќе гласаат согласно волјата на народот искажана на пропаднатиот референдум и недавањето на мандат за уставни измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This