April 19, 2024, 10:45 pm

Плaтa ни зa “цигapa нa пapчe”: Koмпaниja вo Штип дaлa 2 дeнapи плaтa, вo Валандово иcплaќaлa пo пoлa минимaлeц..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, лоцира повеќе компании каде што, како што вели, има очиглени манипулации со платите на работниците. Таа вели дека Здружението има одлична соработка со Државниот инспекторат за труд, но дека не успеваат да воспостават комуникација со Управата за јавни приходи која е задолжена да реагира доколу нема исплата на минимална плата.

УЈП, согласно закон е должна да реагира ако нема исплата на минимална плата, односно да го извести Државниот инспекторат за труд да ги испита причините за тоа. Според наши сознанија, барем за фирмите од текстилната индустрија, таква реакција нема. А, чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, кога 2.000 денари, кога 5.000 денари… Така, во сред здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување – вели Ампева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This