Плacтичeн хиpypг пoчинa oд кopoнaвиpycoт: Пaциeнткa мy ce зakaшлaлa зa вpeмe нa oпepaциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторот Пајман Симони, пластичен хирург од Беверли Хилс, кој се појавуваше во серијата „Доктори“ починал од коронавирус откако жена без маска се закашлала кон него додека тој и ставал инекција на устата.

Докторот Симони (50) носел маска додека го правел оперативниот зафат на жената, која го исполнила неопходниот ковид формулар и нејзината температура била проверена пред да влезе во салата, меѓутоа не била тестирана на вирусот, пренесува Њујорк пост, повикувајќи се на ТМЗ.

Таа се јавила во канцеларијата на докторот неколку дена после хируршката интервенција да му соопшти дека е позитивна на коронавирусот, а Симони веднаш заминал во самоизолација, меѓутоа, подоцна бил хоспитализиран.

Неговата состојба потоа се влошила, бидејќи имал неколку ковид симптоми, вклучувајќи и тежина при дишењето, додава ТМЗ.

Изворот додава дека Симони на крајот бил ставен во вештачка кома пред да почине од излив на крв во мозокот.

– Шокот беше уште поголем бидејќи пред коронавирусот тој беше целосно здрав. Тој е доктор, му се јавив кога добив ковид, а тој ми даваше инструкции што да правам, рекла неговата пријателка Кејти Амири-Џунеси за КЦАЛ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This