April 25, 2024, 12:16 am

ПОБЕДАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ЌЕ ЗНАЧИ ВОВЕД ВО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ: Професорката Гордана Силјановска во интервју за „Македонски корени“ од Сиднеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствената промена којашто ја направи СДСМ во изминатиот период е најболната промена за секој од нас, промена на името, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова додека имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј.

Знам дека на нашите дедовци и прадедовци им ги менувале презимињата и во нашиот код е запишан отпорот кон таквите промени. Но сега ние доживеавме една власт сама да го стори тоа, нагласи Силјановска Давкова.

Кандидатката за претседател на опозицијата притоа истакна дека граѓаните стануваат свесни оти се изиграни и се противат на концентрацијата на моќта само кај премиерот.

Оние кои не гласале, апстинирале, кои се разочарале и од Шарената револуција, и од оваа власт, новостигнатите луѓе 18-годишни кои треба да гласаат сега е нашата шанса, бидејќи гласањето за претседателски кандидат, во случајов надпартиски или непартиски, всушност значи почеток на крајот на оваа власт. Тоа значи воедно и НЕ за промената на името, но и значи и НЕ за недемократските методи на промената на името, но значи и НЕ за апсолутистичката власт концентрирана во рацете само на премиерот. Јас велам дека тоа е премиерски систем од најлош вид, од типот на сезализам, каулизам, дека навистина ова е време тивкото мнозинство да биде многу гласно. Зошто победата на овие избори ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори, посочи Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This