Победата на СДСМ е победа и за Бугарија, оценува бугарски политолог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искрен Иванов, професор на катедрата по политологија на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, со коментар за изборите во Македонија за бугарското Радио Фокус.

„Победата на Социјалдемократскиот сојуз на изборите во Македонија до извесен степен е победа и за Бугарија. Алтернативата што беше – изборот на националистичка партија како ВМРО-ДПМНЕ, можеше да има сериозни последици како за евроатлантската ориентација на Македонија, така и за добрите контакти и дијалогот што го водиме на културно-историски план толку години“, оценува тој.

„Непосредно пред изборите имаше изјави од националистите дека ЕУ не ни треба ако Бугарија е во него и ако треба да направат компромис со јазикот и со историјата на Македонија. Победата на овие избори всушност е победа и за Бугарија. Малку или многу, партијата што ќе раководи со коалиција оттука натаму ќе има можност да ја развие таа соработка што ја почнавме ние во рамките на евроатлантските структури. Македонија веќе е натовска држава, остана да биде примена како полноправна членка на ЕУ“, додава Иванов.

Според политологот, евентуалниот избор на Албанец за премиер ќе биде тест за етничкиот мир во земјата.

„Ако именувањето премиер Албанец има негативни последици, тоа значи дека Македонија сè уште не е подготвена да влезе во ЕУ. Ако, пак, тоа нема никакво влијание врз политичкиот живот во земјата, тоа значи дека Македонија е подготвена да продолжи напред и ние треба да бидеме првите што ќе ѝ подадат рака во интерес на стабилноста во таков клучен регион како Западен Балкан“, вели Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This