ПОБЕДАТА НА ТРАМП СПРЕЧИ НОВА СВЕТСКА ВОЈНА: Демократската партија на САД носи нестабилност и тензии низ светот, Трамп е повеќе за соработка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број на Европски политичари и медиумски личности беа шокирани од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Сепак, според Вили Вимер, бивш Државен секретар во Германското министерство за одбрана, со Хилари Клинтон како претседател, нова Трета Светска војна би била неминовна

nuklear

Победата на Доналд Трамп е превенција од глобален конфликт, смета Вили Вимер, бивш Државен секретар во Германското министерство за одбрана и водечки полтичар на Демо-Христијанската партија (ЦДУ).
„Толку ми олесна, како никогаш претходно, дека оваа одлука не спаси како никогаш претхоно од нова голема војна. Верувам дека новиот претседател на САД за разлика од неговиот опонент, е спремен на практична, соесна и верна политичка соработка со другите земји во светот – и тоа ми дава надеж“ – потенцирал Вимер.

Според Вимер, Берлин не го земал во предвид националниот интерес на Германија кога неколкумина владини преставници даваа свои коментари за кампањата во САД.

„Мислам дека Претседателот на Федералната Република, Федералниот Канцелар, и над сите Министерот за надворешни работи, не го земаа во предвид интересот на Германскиот народ. Преку едностраната поддршка, само за еден од кандитатите и исклучително навредливите коментари за другиот кандидат направи штета на Германскиот народ. Смета дека ова е непотребно вмешување во внатрешните работи на друга земја, и сега откако завршија изборите таквата реторика може да се одрази врз Германците.“ вели Вимер. Германскиот политичар особено го критикуваше Германскиот Претсдател Јоахим Гаук како што вели за „нетолерантната“ реторика. „Мислам дека ќе биде добро ако наскоро си даде оставка“ вели Вимер.

Сепак, Германските мејнстрим медиуми исто така демонстрираа небалансиран и необјективен пристап кон предизборната кампања во САД.

„Од времето на Втората Светска Војна ги знаеме таканаречените ‘квислинзи’ – тие се оние кои го секогаш го следат лидерот, дури и ако не припаѓа на нивната земја. Очиледно, овие луѓе се широко распространети во Германија – во политиката, ов медиумите и насекаде“, нотира Вимер.

Според германскиот политичар, Трамп ќе ги обнови релациите со „класичните“ големи сили, а највеќе со Руската Федерација.

За разлика од Трамп, Клинтон постојано сигнализираше дека таа ќе се врати на надворешната политика на нејзиниот сопруг за Европа, потсетувајќи дека токму Бил Клинтон беше човекот кој ја наруши Париската конвенција преку лансирање на напад против Југославија. Демократската партија на САД предизвикува глобална нестабилност, додава Вимер.

Во однос на НАТО, Вимер смета дека блокот станал поголема закана за светскиот мир откако се констатираше дека неговата улога не е одбрамбена туку служи како „офанзивна машина“. Ако новиот Америка го разбере ова, сметам дека нема да има простор за понатамошни грижи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This