Победничката на Евровизија жали за тоа што не снимила дует со Тоше Проески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помина скоро деценија откога во трагична несреќа животот го загуби нашата легенда Тоше Проески, Сепак и ден денеска тој се смета за најдобар пејач од овие простори и со излегувањето на неговиот нов постхумен албум на англиски јазик „Secret place“ неговите песни веќе со недели не се спуштаат од првото место на домашните плеј листи.

Дека поседуваше вонсериски квалитети никој не се сомнева, напротив кога и некој да испее негова песна, без разлика дали е на настап или на некое талент шоу, веднаш се говори за тоа како никој не може да ги достигне неговите квалитети и дека песните никогаш не можат да звучат така добро како што ги пееше тој. Таков беше случајот и во шоуто „Ѕвездите на гранд“ која Јелена Карлеуша го искоментира неговиот талент и притоа додаде дека е штета што никогаш не снимиле дуетска песна со нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која исто така важи за еден од најдобрите вокали на Балканов.

На тоа се надоврза и самата Марија која искажа жалење, додавајќи дека тој бил единствениот пејач со кого посакала да сними дуетска песна, но за жал тоа судбината ги спречила иако веќе биле во преговори, па затоа нема ни да сними во иднина“

„Немавме време на овој свет и во овој живот да снимиме дуе, а почнавме да се договараме околу тоа. Тој е единствената личност со кого сакав да снимам дует!“, рече Шерифовиќ.
Извор:zase.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This