„ПОВАРДАРИЕ“ СЕ НАОЃА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, ПА БАРА КРИВЕЦ: Делев со реакција на кривичната пријава која против него ја поднесе винаријата „Повардарие“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот заменик министер за економија, Христијан Делев реагираше на денешните информации дека винаријата Повардарие поднела кривични пријави против него, поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и неговиот заменик Ванчо Костадиновски.

Тој во реакцијата вели дека тврдењата на Повардарие се комплетно неосновани и со основни непознавања на работата на Владата и на Платежната агенција, односно процедурата за субвенционирање.

-Мерките што ги донесе Владата за поддршка на откупот на винско грозне важат за сите винарии во Македонија и се апликативни мерки кои ги спроведува платежна агенција. За откупот аплицирале повеќе компании меѓу кои и Повардарие. Причините зошто не добиле субвенции Повардарие треба да се бараат во Платежната агенција. Некои од причините зошто не се исплаќаат субвенции се неисплата кон производителите не грозје и долг кон државните институции, пишува во реакцијата на Христијан Делев

Тој во реакцијата напиша дека Владата никогаш немала улога да одлучува кој и кога треба да добие субвенции.

-Пријавата од страна на Повардарие е неоснована и тенденциозна и базирана на шпекулации и има за да цел да ја прикрие лошата финансиска состојба во која се наоѓа винаријата пред претстојната откупна сезона. Субвенциите во Република Македонија се апликативна мерка според строго дефинирани закони, завршува Делев во својата реакција.

Според пријавата, Цветков, Костадиновски и Делев настојувале „Повардарие“ да откупи што поголема количина грозје од лозарите поради предвремените парламентарни избори. За тоа и ветиле исплата на субвенциите веднаш, но и ургенции кај Министерството за финансии да не покренува постапка за долгот што го имала и што планирала да го плати кон Царинската управа.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This