ПОВЕЌЕ ЗИЈАН, ОТКОЛКУ ЌАР: Државата се задолжила повеќе отколку што вратила – долгот зголемен за 200 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголемил за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето на Република Македонија за само 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.

За 10 месеци власт Владата предводена од СДСМ ја задолжи Република Македонија за 1,6 милијарди евра. Министерот за финансии, Драган Тевдовски многу пати има кажано дека државата повеќе вратила отколку што се задолжила, нешто што сепак не го покажуваат бројките.

Имено, долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголемил за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето на Република Македонија за само 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.

Вчера на собраниската седница за изгласување доверба на Владата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кажа дека државниот долг на крајот на минатата недела изнесувал 3 милијарди и 851 милион евра, а вчера истиот бил зголемен на 3 милијарди 958 милиони евра, што значи дека тој е зголемен.

-Јавниот долг се зголеми во време на СДСМ. Ем велите дека враќате долгови, ем долгот се зголемува. Велевте во изборите дека 500 милиони евра се краделе од буџетот и велевте кога ќе дојде СДСМ на власт нема да краде и ќе има пари за се, изјави Димовски.

За катастрофалната економска ситуација во државата веќе неколку пати говореше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во гостувањето на Телма телевизија на трети април потенцираше дека државата е како погодена од економско цунами поради лошите политики на власта.

–Пред некој ден прочитав дека се фалат имале зголемени приходи во Буџетот и точно е околу 25 милиони евра имаат зголемени приходи во првите два месеци, споредено со истиот период минатата година. Но каде е вистината? 30 милиони имаат зголемени приходи во делот на персонален данок на доход и акциза. Тоа значи дека вештачки ја поткренаа минималната плата, притоа не ја зголемија продуктивноста. Бидејќи гледаме дека БДП ни е нула економијата, ни е нула, не се зголеми, а се зголеми платата. Прашањето е како тоа се случува, вели Мицкоски.

Според Мицкоски државата е во фаза на политичка депресија.

–Не контролор, ова што ни се случува, јас би го дефинирал како економско цунами и политичка депресија, тоа ни се слушува нам во оваа држава. Тој дополнително рече дека ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна политика и дека целта на партијата е како животот на граѓаните да стане подобар. Мицкоски рече дека неговата сон е Евроатлантски интегрирана држава, економски просперитетна и држава на среќни граѓани, истакна Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Парламентот со идеја да биде контролор на неуспешните економски полити и поддржување на реформските закони.

-Сите ние имаме заеднички проблеми. Млад квалификуван кадар бега од државата. Луѓето се иселуваат, ние имаме празни села, празни населени места, празни градови во Република Македонија, рече Мицкоски.

За лошите бројки во економијата на вчерашната седница каде што се гласаше доверба на Владата на Република Македонија, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во своето излагање меѓу друго истакна и дека оваа влада продолжува да спроведува катастрофални економски политики.

-Во недостиг на капацитет и знаење секојдневно носите апсолутно погубни економски политики на штета на сите граѓани на Република Македонија и веќе граѓаните имаат една реченица која почнаа често да си ја употребуваат „Овие луѓе за економија не ги бидува“. Во досегашното владеење успеавте да ја урнисате македонската економија која со години наназад и во услови на економски кризи, бележеше соодветни и големи економски растови. Државата после долги години не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на оваа влада, истакна Данев.


Тој посочи дека бројките се немилосрдни и дека во нив е вистината.

-Бројките велат дека во 2017 година Република Македонија има 0 проценти економски раст, за разлика од Република Македонија, Бугарија има 3,6%, Хрватска има 2,8%, да не зборувам за Словенија со 5 проценти или Србија со 1,9 проценти. До само една година, Република Македонија беше водачот на економскиот раст во регионот и во Европа. Во 2015 година, Македонија имала економски раст од 3,9 проценти, додека Бугарија 3,6%. Хрватска имала 2,3 проценти, Србија 0,8%. Ова се факти и од нив нема бегање. Мора да се работи, не треба да се продаваат лажни вистини на граѓаните. Треба да се засукаат ракавите и да се работи, само така доаѓаат резултатите. Поради овие резултати оваа влада е прогласена за најнеспособната и најнеработливата влада во Македонија во овие 27 години, нагласи Данев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека забележан е пад на градежништвото од 48%, државните резерви драматично се намалуваат, а нови инвестиции речиси и да нема.

-Нема покачување на плати, тоа е нормално кога СДСМ е на власт. Нема покачување на пензии, трошоците за живот вртоглаво растат. Граѓаните околу 140 милиони евра помалку потрошиле за разлика од истите периоди во претходните години. Немаат пари луѓето затоа не трошат. Катастрофална економска политика која удира во џебот на секој граѓанин. После долги години на релевантни финансиски листи, Република Македонија бележи невидени падови. Паѓа бизнис климата во Македонија. Република Македонија доживеа вистинско економски цунами за само една година владеење на СДСМ заедно со коалицијата, нагласи Данев.

Тој нагласи дека во 2016 имало 350 милиони евра, а во 2017 година 227 милиони евра што е намалување на 131 милион евра на инвестициите во земјава.

-Ниту инвестираат домашните, ниту странските инвеститори. Затоа што нема поволна инвестициона клима која треба да ја креираат владата и министерствата, потенцираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во гостувањето на Телма на трети април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е тука за да понуди нова надеж, нова програма, ново утро за Република Македонија.

-И тоа ќе ни биде императив и тоа ќе го гарантираме со лична гаранција. Пред граѓаните ќе излеземе со најдобрата и најквалитетна програма, која што некогаш до сега се појавила во Република Македонија, која ќе се темели на научна анализа и која што ќе одговори на потребите на граѓаните и токму и тоа е мотивот на моите чести посети кои што ги правам изминатиот период, поминав најмалку 18 општини, 18 општински комитети, разговарав со членовите на парртијата, со базата, со симпатизаерите, но и со многу обични граѓани, кои што дел се и поддржувачи на СДСМ, дел од нив се и поддржувачи на некоја друга политичка опција, генерално заедничкиот именител е на сите, дали на прашањето: Животот дојде? Каков живот синко, ваков чемер и јад не било никогаш, рече Мицкоски.

Покрај големите задолжувања, лоши сигнали за македонската економија носат и проекциите на Светската банка. За само три месеци пад од скоро еден процент на проекциите за раст на БДП на Република Македонија. Во извештајот кој денеска беше презентиран се објавува пад на проекцијата на Светска банка за раст на БДП во Македонија, во однос на проекцијата која нашата земја ја имаше во јануари оваа година.

Проекцијата на Светска банка за раст на БДП на Македонија во јануари оваа година изнесуваше 3,2 проценти, додека во пролетниот извештај таа е намалена на 2,3 проценти.


Покрај падот на проекциите за раст, Македонија има и најниска прогноза за растот на БДП од сите држави на Западен Балкан. За Албанија има проектиран раст 3.6 проценти, за Босна и Херцеговина 3.2 проценти, за Косово 4.8, за Црна Гора проектиран е раст од 2.8 проценти, додека пак за Србија проектираниот раст е 3 проценти.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This