Повеќе милијардери во САД меѓу кои и Безос, Маск и Сорос со години не плаќале данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во екот на глобалните расправии за зголемувањето на даноците за мулитнационалните компании, истрагата на независната организација ProPublica, потврди во вторникот дека повеќе американски милијардери повеќе години успевале целосно да го избегнуваат плаќањето на данокот на приходи.

Споменатата организација чиешто седиште во Њујорк, којашто на својата мрежна страница истакнува дека сака да ја „осуди злоупотребата на власта и изневерувањето на довербата на јавноста“, наведува дека сопственикот на најголемата светска онлајн продавница „Amazon“, Џеф Безос во 2007 и во 2011 година не платил ниеден сојузен данок, а основачот и челник на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, не го платил во 2018 година.

Џеф Безос и Илон Маск, инаку, се меѓу тројцата најбогати луѓе на планетата повеќе години.

Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, финансиер и корпоративен преземач Карл Ајкан и берзанскиот шпекулант и финаниер на неолибералните политички агенди ширум светот Џорџ Сорос, исто така, избегнувале плаќање на сите сојузни даноци во одредени години, се додава во споменатиот извештај.

Организацијата до овие заклучоци дошла по преглеувањето на илјадници даночни пријави на богатите Американци во текот на изминатите петнаесетина години.

„Собрани заедно тие ги разоруваат темелите на американскиот даночен мит: дека сите го плаќаат својот дел од данокот и дека најбогатите плаќаат најмногу“, пишуваат авторите на извештајот.

На прашање на агенцијата AFP, портпаролите на Џеф Безос, Илон Маск, Мајкл Блумберг, Карл Ајкан и Џорџ Сорос досега не дале никаков коментар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This