ПОВЕЌЕ МРTBИ КОРИСНИЦИ ОТКОЛКУ ЖИВИ: Бројот на пoчинaти Фејсбук корисници ќе го надмине бројот на живи корисници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земајќи го предвид бројот на корисници на Фејсбук во 2018 година и врз основа на демографски истражувања на Обединетите Нации, стручни лица од Оксфорд дојдоа до заклучок дека најпопуларната социјална мрежа до 2070 година ќе има повеќе пoчинaти отколку живи корисници.

Според првичните проценки, до крајот на ова столетие ќе починaт најмалку 1,4 милијарда корисници на Фејсбук. А пак, доколку таа заедница продолжи да расте како досега, тој број ќе изнесува вкупно 4,9 милијарди, што е скоро двапати повеќе од постојните живи 2,37 милијарда корисници.

Според истражувачите порастот на бројот на починaти корисници покренува важни прашања за нивната „виртуелна оставина“.

Дејвид Вотсон, автор на истражувањето, нагласи дека сè она што луѓето го споделуваат на Фејсбук, има потреба да се претвори во историска архива на човечката култура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This