ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА СОВЕТНИЦИ НА ЗАЕВ СЕДАТ ДОМА: Дваесет и три советници одат на работа, триесет и три меѓу кои и Хоџа работат од дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

23 лица кои го советуваат премиерот Зоран Заев секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, додека 33 надворешните соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба, пишува Сдк.мк

Со дневен ангажман во Владата и со работно време од 40 часа неделно се 13 посебни советници и 10 советници. По потреба и заради извршување на итни и неодложни работи, работните задачи се вршат и за време на неделен одмор и за време на празници.

-Сите посебни советници и советници согласно член 22 од Законот за вработени во јавниот сектор, имаат засновано работен однос на определено време до истекот на мандатот на премирот. Сите се избрани на јавен оглас. Дел од посебните советници и советниците имаат свои канцеларии, а поголемиот дел делат работен простор со други лица кои работат во влада, велат од Владата.

Од таму објаснуваат дека за разлика од редовните советници, надворешните соработници кои се 33 лица, се со договор од времен карактер избрани директно од премиерот и кои имаат обврски во рамките на одредени активности за кои нема потреба да доаѓаат секој ден на работа.

-Категоријата надворешен соработник претставува ангажман на лица според лична одлука, во случајов на премиерот Зоран Заев и истиот ангажман не предвидува објавување на оглас бидејќи не станува збор за вработување туку ангажман со времен рок. Работниот ангажман на надворешните соработници зависи од конкретните активности дадени од страна на премиерот, додаваат од Владата.

Последен во листата на 33 надворешни соработници кои ги назначи Заев е поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири – Хоџа. Назначување на Хоџа за советник на премиерот Зоран Заев, предизвика загриженост и кај Амбасадата на САД во Скопје. Шаќири е вториот советник на Заев по Љубе Бошкоски, кој се наоѓа на листата на санкционирани индивидуи и ентитети од Балканот на американското Министерство за финансии, листа чија што важност за уште една година ја продолжи претседателот Доналд Трамп минатиот јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This