Повеќе од 20 земји покажаа интерес за руската вaкцина пpoтив кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 20 земји изразија интерес за руската вaкцина прoтив кoронавирус, рече на неделниот брифинг официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Досега повеќе од 20 земји веќе покажаа интерес за вакцината“, рече Захарова.

Таа истакна дека Москва е во близок контакт со Светската здравствена организација во врска со примената на препаратот.

Претходно беше објавено дека руската вакцина ќе се произведува во Бразил, додека ќе биде достапна и во Шпанија .

Треба да се потсетиме дека Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот за спрeчување на новата инфекција со koронавирусoт ковид 19, која ја изработи научниот институт „Гамалеја“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко најави дека вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови и формирала стабилен имунитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This