ПОВИК ЗА ВРАЗУМУВАЊЕ И СПЛОТЕНОСТ: Муфтијата Плуми Велиу повика на смиреност, разум и сплотеност помеѓу граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија како централна држава на Балканот, односно и како центар на Османлиската империја, отсекогаш важеше и за среќа се уште важи како една мултикултурна и мултирелигиозна држава, едно општество каде што со векови наназад, 600-тини години наназад се гаеле и негувале многу добри меѓучовечки односи, вели муфтијата Плуми Велиу, кој во моментов е под суспензија.

veliu-plumi-640x388

-Во моментов единствена помош која може да ја добиеме и која ќе ја добиеме сигурно, тоа е божјата помош, затоа што последните 3-4 години јасно се гледа во државата дека се одвива една крајно перверзна политика, цехот на сето тоа го плаќаат обичните граѓани. Перверзна би рекол затоа што јас лично скоро во ниту една политика, чест на исклучоци, меѓутоа гледам дека сите се борат за да дограбат или приграбат само нешто што ним лично им треба, односно за лични интереси. А од друга страна Македонија како централна држава на Балканот, односно и како центар на Османлиската империја, отсекогаш важеше и за среќа се уште важи како една мултикултурна и мултирелигиозна држава, едно општество каде што со векови наназад, 600-тини години наназад се гаеле и негувале многу добри меѓучовечки односи, во смисла на меѓуверските односи, а тоа од единствена причина што нашите граѓани без разлика на нивната верска припадност, многу добро знаат и се убедени дека сите се синови на Адем и Хава, односно Адам и Ева. Сите знаат дека Адам и Ева се од земјата, сите многу добро знаат дека најдобриот човек во општеството е оној кој што ги исполнува своите обврски према Господ, према луѓето, па и према самиот себеси, вели Велиу

Муфтијата Велиу вели дека разликите треба да не приближат уште повеќе меѓу себе, а не да не разделуваат.

-Сите ние потекнуваме од исти прародители, сите ние живееме на планетата земја, сите ние имаме исти потреби, исти проблеми, исти грижи, исти желби и на крајот на краиштата сите ние имаме иста судбина. Меѓутоа, ако се повикаме на формалностите, на разликите, кои се секундарни. Разликите не треба да не затвараат, туку разликите се оние кои треба да не приближат уште повеќе меѓу себе, да се запознаеме уште повеќе, затоа што ниту една вера не ја сака затвореноста, не ја сака зачмаеноста во самиот себеси. Човекот кој не е сигурен во сопствените вредности, кој не е сигурен во самиот себеси, тој тогаш се затвара во самиот себеси и околу себе гради ѕид, напротив ние сите му припаѓаме на човековиот род, меѓутоа сите сме различни, кога ќе погледнете не можете да најдете ниту еден глас ист, ниту едни очи исти, ниту едни образи исти, значи секој човек си има своја некоја посебност или засебност, и тоа го прави човекот да биде најдоброто створение не возвишениот Алах на овој свет, изјави Велиу.

Велију вели дека и муслиманите и христијаните и сите оние кои живееле на оваа територија заедно поминале многу тешки моменти во исторјата. Тој напоменува дека сите заедно сме успеале да пребродиме наметната криза во 2001 година и порачува дека би било лудо и нечовечки да дозволиме да ни се наметне нова кризна ситуација.

-Меѓутоа човекот за жал е оној кој дозволи или дозволува, заради сопствени интереси да денес граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната верска и етничка припадност, ги доведе на работ на бездната и во секој момент може да се случи најлошото. Како што можам да се присетам на судбината, ние заедно и муслимани и христијани, па и неверници, атеисти, заедно ги поминавме Балканските војни, Првата светска војна, втората светска војна и други аномалии, неправедности во текот на владеењето на некаков си комунистички режим. Успеавме да ја пребродиме и наметната криза во 2001 година, и сега лудо и нечовечки би било да дозволиме некој поради сопствени интереси, да ни наметне војна, да ни наметне нетрпеливост и да ни наметне ситуација во која нема да можеме да се гледаме еден со друг, порачува Велиу.

Велију вели дека ние како граѓани имаме обврска да им кажеме стоп на сите оние кои мислат да му наштетат на нашето заедничко живеење.

-Од друга страна разликите формално се кај човекот, разликите треба да не спојуваат а не оддалечуваат. Од друга страна има еден повик кој вели: „О следнебици на книгите, дојдете да се собереме околу еден збор, кој што збор е заеднички, а тоа е верата во единствениот господар на световите“ каде Алах, каде Господ, тоа не е никаков проблем. Или пак еден друг повик: „Помогни го својот брат, без разлика дали тој е насилник или слаб“, насилникот ќе го помогнеш со тоа што ќе го спречиш или одвратиш од правење зло, додека слабиот ќе го земеш под твоја заштита. Значи ова е обврска на секој еден граѓанин на Република Македонија, на секој еден што се сака себеси, а со тоа ги сака и сите други околу него, а ние живееме во оваа држава, живееме во Република Македонија со векови наназад и имаме обврска како верници, без разлика на која вера припаѓаме, на сите оние кои мислат зло на ова наше заедничко живеење, да им кажеме стоп, да ги спречиме во нивната намера, без ралика што животот е еден и имаме иста судбина, смета Велиу

Муфтијата Велиу упати своја порака и до верските лидери и политичарите во Македонија.

-Сакам да упатам две пораки, една е до верските лидери, да внимаваат, да се воздржат, од давање на некоректни, непринципиелни, непромислени изјави, или пак паушални изјави, затоа што нашите верници се уште им веруваат на своите верски лиери. Додека за политичарите не можам да кажам во моментов нешто добро, затоа што се ова е цех кој го плаќаат граѓаните на Република Македонија, истакна Велију

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This